Skip to content

Научниците го одговорија ова прашање: Зошто понекогаш уживаме кога слушаме тажна музика?

“Алелуја“ е неверојатно тажна песна, но и една од најчесто преработените песни. Имено, постојат повеќе од сто различни нејзини верзии. Ја напишал Леонард Коен, а можеби најтажна ја направил Џеф Бакли. Музичарот стои сам на бината со својата гитара и со нежен глас ја пее мелодијата, а на појачувачот стојат свеќи. Оној којшто ова нема да го допре има камено срце.

Ако се земе во предвид дека Бакли премногу млад го напуштил светот (на 30 години), сè станува уште потажно. Иако песната не може да го поправи расположението, таа е многу слушана. Зошто? Двајца музиколози од Велика Британија и Финска оценувале три студии кои се занимаваат со ова прашање, а таму учествувале преку 2400 луѓе. Тие ги откриле следниве резултати: дека три чувства првенствено се поврзани со слушање тажна музика: утеха, радост и болка.

Што откриле истражувачите?

Истражувачите откриле дека кај поедини индивидуи звуците предизвикуваат чувство на удобност. Кога тажната музика им годи на луѓето, најчесто со ова уживање се поврзани сеќавања и асоцијации. Меѓутоа, еден дел од испитаниците покажал знаци на болни чувства кои имале врска со личните искуства како што е смрт на блиска особа или раскинување.

Постојат и луѓе кои не ја сакаат тажната музика и ја избегнуваат, истакнува Томас Ерол од универзитетот во Дурхам. Истражувачите воочиле дека постарите луѓе почесто чувствуваат пријатност слушајќи го овој вид музика. Научниците пак не откриле некоја разлика во набљудување на искусни и неискусни музичари. Тие веруваат дека овие сознанија би можеле да допринесат за подобрување на терапијата со музика.

Резултатите покажуваат како луѓето со помош на музиката можат да го регулираат своето расположение. Терапевтите тоа би можеле да го искористат за да им помогнат на луѓето после смртни случаи на блиски луѓе. Анализирајќи го дејството на тажната музика истражувачите дошле до слични резултати како и во актуелната студија. Изненадувачки е дека според нивната студија, тагата не е одлучувачко чувство коешто музиката го предизвикува, туку во прашање е носталгијата, своевидна комбинација од радост и тага.

Напишете коментар