Skip to content

Олимпија де Гуж – француска писателка, пионер во феминизмот

Париз, 3 ноември 1793 година: Смрт на Олимпиja де Гуж.

Откако жестоко ја осуди тиранијата и ултра-насилството на „новиот режим“, особено од масакрите во септември 1792 година, драмскaта писателкa и активист за правата на жените е испратена на гилотина.

Животопис

Олимпија де Гуж (7 мај 1748 – 3 ноември 1793) е родена во Монтобан, во близина на Тулуз, во Јужна Франција како Мари Гуж. Мотивирана од револуционерните случувања од 1789 г., редовно ги посетувала седниците на Националното собрание. Била француски драмски писател и политички активист, чии списи за правата на жените и за отстранувањето на смртната казна биле широко прифатени од јавноста.

Декларација за правата на жената и граѓанката

Олимпија го напишала нејзиното најпознато дело Декларација за правата на жената и граѓанката кратко време откако бил донесен францускиот устав од 1791. Таа била вознемирена што уставот, кој го промовирал правото на глас, не го ни спомнал правото на глас на жените. Уставот им го дал тоа право само на мажите. Тој исто така не ги спомнал клучните прашања како што се: правната еднаквост во бракот, правото на жената да се разведе од нејзиниот сопруг ако тој ја злоупотребува, или правото на жената на сопственост и старателство над децата. Затоа таа создала документ кој требало да биде изоставениот дел од Уставот од 1791 година, во кој на жените ќе им бидат дадени еднаквите права што ги заслужуваат.

Гуж ја започнува својата декларација со духовит, а и во некои моменти саркастично горчлив вовед во кој таа ги прашува мажите зошто тие одбрале да ги потчинуваат жените. Нејзината воведна изјава е: „Мажи, зар не сте во состојба да бидете праведни? Ова е жена која го поставува прашањето, ќе и го дозволете барем тоа.“ Во вториот дел од изјавата ја покажува апсурдноста на тоа што мажите им ги одземаат на жените основните човечки права, па таа саркастично прашува дали мажите ќе сметаат дека е неопходно да и го одземат дури и нејзиното право да прашува.

Член Х ја содржи познатата фраза: „Ако жената има право да се качи на скелето, тогаш таа мора да има исто право како и мажот да одржи јавен говор.“ Односно ако жените имаат право да бидат убиени со гилотина, треба да имаат и право јавно да зборуваат отворено во јавност.

Напишете коментар