Skip to content

Ноемвриска слика – Стојан Тарапуза

Стојан Тарапуза е водечко име во современата македонска литература за деца. Прочитајте ја во продолжение песната за деца насловена „Ноемвриска слика“.

Од небото дождец роси-
ветрог коси.

В поле пусто магла лежи-
денот тежи.

Води матни гргор ронат-
и се гонат.

Врана дреме, глад ја мачи-
тажно грачи.

Напишете коментар