Skip to content

Руски поговорки и изреки кои кријат длабоки мудрости

Руската литература се смета за една од највлијателните и најразвиените во светот, која ги дала едни од најпознатите светски книжевни дела. Нејзината историја започнува во текот на 10 век, а најголемиот расцвет го доживеала во текот на 19 век кога биле создадени најголемите руски литературни дела. Прочитајте ги во продолжение руските народни поговорки и изреки.

„Со богата капа нема да го сокриеш сиромаштвото во сопствената глава“.

„Поранешниот пријател е полош отколку непријателот“.

„Полесно е да се избегнат кавгите отколку да се завршат“.

„Ако одиш брзо ќе ја престигнеш неволјата ако одиш бавно неволјата тебе ќе те престигне“.

„Не ја пуштај стрелата ако знаеш дека нема да ја погодиш целта“.

„Не ме фали во очи, не ме куди зад грб“.

„Никогаш не фрлај кал во бунарот од кој некогаш си пиел“.

„Човекот не е љубоморен кога сака туку кога сака да биде сакан“.

„Кој го навредува небото, нема кому да се моли“.

„Побрзо се сушат солзите за туѓата болка“.

„Среќата е како треска, го напаѓа оној кого сака“.

„Љубовта е стакло кое се крши ако човекот го земе премногу несигурно или премногу цврсто“.

„Не можеш со сила да им се допаднеш на другите“.

„Човечката злоба секогаш произлегува од немоќта“.

„Тајната на човечкото битие не е во тоа да живее туку зошто живее“.

„Висината на културата се одредува спрема односот кон жените“.

„На гостите два пати им се радуваме: Кога доаѓаат и кога си заминуваат!“

„Без пастир овците нема да станат стадо“.

„Само солзите во срцето ја знаат големата болка, но не и солзите во очите!“

„Девојките мислат на брак, омажените мислат на љубов“.

„Двајца можат повеќе од еден, но еден може повеќе отколку десетмина“.

„Најдобро патува оној којшто знае кога треба да се врати“.

„Детето е како тесто: како си го замесил, така и ќе израсне“.

„Никогаш не умира само оној човек кој зад себе остава деца!“

„Љубезниот збор е како пролетен ден“.

„Само пријателите ќе се согласат со тебе, но вистинските пријатели ќе се расправаат“.

„Стави на улица пофалби, па ќе уловиш будали“.

„Да се знае многу значи предвреме да се остари“.

“Она што го просиме во младоста во староста го фрламе“.

“Додека парите зборуваат вистината молчи“.

“Сиромаштијата е грев кој богаташот никогаш не го опростува“.

“Од својот труд ќе бидеш сит, но не и богат“.

“Биди уверен дека си во право, па тек тогаш оди напред“.

„Долго чека оној кој чека нетрпеливо“.

“Стравот е прв помошник на непријателот“.

„Кога мажот пие половина куќа гори; кога жената пие, гори цела“.

„Богаташот во тепачка настојува да го сочува лицето, а сиромавиот капутот.

Прочитајте ги и мислите од Иван Тургенев, еден од најпознатите претставници на рускиот реализам!

Напишете коментар