Skip to content

Последната граница – Виктор Кадинец

  • by

Лебдиме како космонаути,
кревко во својата вселена,
ограничена само од нашите размислувања,
дека и нашата крајност има крај,
во тој непознат безкрај,
на страшни очекувања.
Притоа непретпоставувајќи,
дека зад тие очекувања,
не чека нашето битие,
во најубава форма.
Стравот е нашата последна граница,
пред осознавање на добрината,
која тлее закопана во ова лошо време,
како последна надеж-
Дека во човекот останало нешто човечко.

Виктор Кадинец

Напишете коментар