Skip to content

Таа е само жена – Дијана Станчевска

  • by

Таа може да те убие со насмевка.

Таа може да те повреди со очите.

Таа може да ти ја уништи вербата со една обична лага.

Таа го открива само она што сака да го видиш.

Таа може да те доведе до љубов, без разлика дали ќе те земе или ќе те остави.

Таа секогаш бара да ја слушне вистината,но сепак нема да ти верува.

Таа ќе земе сè од тебе, додека е тоа слободно и бесплатно.

Таа може да почека, но само ако сака.

Таа е пред своето време.

Таа никогаш не се откажува, само се предомислува.

Таа ќе ти ветува рајска градина, и ќе те натера да се смееш додека крвариш.

Таа ќе успее да го извлече и најдоброто и најлошото од тебе.

Таа е често љубезна, одеднаш ладна и крута.

Таа ќе те уништува сè додека тоа ѝ причинува задоволство.

Но не можеш да ја осудиш, таа има завршено школо за тоа.

Најлошото ќе го направи кога ќе фрли сенката на минатото врз тебе.

Тогаш ќе сфатиш дека подобро е најлошото покрај неа,отколку најдоброто покрај некоја друга.

Но не заборавај, ако го тргнеш железниот оклоп таа е сепак само жена.

Дијана Станчевска

Напишете коментар