Skip to content

10 бонтон правила кои секој треба да ги знае

Бонтонот како склоп правила на убаво и културно однесување иако поинакво по форма и содржина е присутен со векови во сите општества. Самиот збор е од француско потекло (бон тон) и во буквален превод значи добар тон, односно добар начин на однесување. Факт е дека овие правила се менуваат со текот на времето т.е. некои обичаи станале неприменливи или пак смешни, со што се замениле со модерни верзии за да се вклопат во современите општествени текови.

Некогаш било незамисливо жената да пуши цигари, т.е. на кавалерите им било строго забрането да запалат цигара во друштво на дами, како и задолжително знак за почит, ја заменувале облеката кога оделе во друштво на понежниот пол за да не се чувствува чадот.

Од кога датираат ваквите општествени норми?

Ваквите општествени норми датираат од 19 век, како и многу слични кои сред напредокот и промените во општеството ја изгубиле смислата, а преостанатите не биле уважувани. Но голем дел од нив останале и до денешен ден, како одлика на нешто што се нарекува убаво воспитување.

Внимание треба да се обрне помеѓу големите разлики кои постојат меѓу културите. Разединувањата се поголеми колку што државите се подалечни. Додека во западниот свет се смета некултурно да не ја гледате во очи особата со која се ракувате, во Јапонија контактот сос очи за време на ракување покажува дека сте некој кому не можете да му верувате. Ова потекнува од древните времиња кога наклонот бил израз со кој се покажувало доверба.

Без оглед на сите различности и можни промени, постојат одредени манири кои се безвременски и универзални. Секој гест кој во својата срж покажува почит, умереност, помош или љубезност никогаш нема да излезе од мода. Иако во помала мера или можеби на поинаков начин, бонтон правилата и понатаму ги почитуваме. Или барем се трудиме да го правиме тоа.

Со сигурност знаеме дека на сите некогаш ни се поткрадуваат грешки кога се во прашање одредени протоколи. Прочитајте ги во продолжение најчестите “правила“ што секој треба да ги знае.

1. Влез и излез од ресторан

Покрај сите правила дека дамите имаат предност постојат ситуација кога се прават исклучоци. Таков исклучок е влегувањето во ресторан, кафуле или било кој друг угостителски објект. Во овој случај, мажот е тој кој влегува прв за жената да нема некоја непријатност или средба со некое незгодно изненадување. Џентлменот е тој кој го расчистува патот и ја штити дамата, како и особа која ја бира масата. При излегување од ресторанот, првото правило се враќа на сила, т.е. жената се пропушта прва.

2. Капи, шешири, ракавици

Без оглед на промените во облекување и модните трендови, она што останало правило до ден-денешен е дека мажите ги симнуваат шеширите, капите и слично, како и ракавиците при поздравување на улица или при влегување во просторија додека дамите никако не го прават тоа.

3. Прибор за јадење

Постојат многу теории и правила што и на кој начин со кој прибор се јаде. Посебно ако е во прашање голем и свечен ручек или вечера која се состои од неколку јадења. Она што го налага бонтон во сите случаи без оглед на обемот и отменоста е дека приборот за јадење никогаш не се става на ќошовите од садовите. Туку виљушката и ножот се ставаат благо вкрстени во самиот сад.

4. Одење по улица

Бонтон правилата налагаат доколку има повеќе од тројца луѓе, никако не одат сите во иста линија за да не се стопира преминот на останатите пешаци. Ако се во прашање двајца луѓе, женска особа или постар господин имаат почесно место од десна страна. Така што џентлменот секогаш ќе оди поблиску до патот за да има заштитничка улога. Додека во случај на тројца луѓе, дамата би имала почесно место на средина, односно џентлменот би одел помеѓу две дами.

Интересен податок е дека последното правила има исклучок, а тоа е во случај на дожд. Тогаш, мажот преминува така што ќе ги штити од дожд двете дами дури и ако самиот наврне.

5. Лифт

Бонтонот налага женската особа прва да излегува и влегува во лифт. Меѓутоа, ако лифтот е празен можат да се прочитаат теории дека всушност мажот треба да биде тој кој влегува прв од проста и практична причина да ја провери сигурноста на лифтот пред дамата да влезе во него.

Исто така, бидејќи е мал простор, цигари никако не се дозволени, а би требало и да се биде тивок и да не се создава на други непријатност со туркање или багаж.

6. Скали

Кога зборуваме за качување по скали, бонтонот вели дека ако столбиштето е доволно широко мажот и женат одат напоредно, но ко нема простор за тоа, дамата е таа која оди напред. При симнување, редоследот е обратен, и мажот оди прв. Ваквото правило произлегува од фактот дека ако се придржуваме, мажот да биде во можност да ја заштити женската особа во случај на пад или некоја незгода.

7. Придржување капут

Вистинскиот џентлмен со добри манири секогаш ќе ѝ го придржува капутот на дамата и ќе ѝ ја привлече столицата. Многу интересно е што ова е исклучително должност на придружникот, а никако на келнерот. Таквата понуда мажот треба да ја одбие, и да го преземе овој дел на себе. На тој начин покажувајќи дека се грижи за дамата со која дошол.

8. Поправање шминка

Иако понекогаш е непрактично, правилото налага шминката никогаш да не се поправа во самиот ресторан или кафуле туку тоа да се прави во тоалет. Дамата би требало огледалата да ги гледа како украс, а за поправање на карминот или друга шминка да појде во просторија која помеѓу другото и за тоа е наменета.

9. Порачување во ресторан

Ова правило скоро сосема се изгубило бидејќи светот многу се менува. Но според бонтон мажот е тој кој нарачува, прво за дамата, потоа за себе. Таа својата одлука му ја соопштува на мажот, кој после тоа му пренесува на келнерот. Мажот е тој кој секогаш бира вино, секако во консултација со дамата.

10. Лични пораки

Бидејќи живееме во време кога технологијата е во полн ек, последново споменато правило речиси и да нема смисла. Но во себе носи одредена нота на почит и култура. Иако писмата за жал одамна излегоа од мода, а комуникацијата се случува исклучиво по пат на телефони или компјутери, не заборавајте дека пораките од лична природа, односно оние упатени на драги и посебни луѓе, секогаш се пишуваат со рака.

Така што, следен пат ако одлучите некому да посветите неколку редови, не ги куцајте на компјутер или телефон, туку напишете ги рачно на парче хартија. Можеби делува старомодно, но со тој гест ќе ѝ покажете на особата дека ви значи и за вас е посебна.

Во 21 век во кој владеат интернетот, социјалните мрежи и родовата нерамноправност, многумина овие норми ќе ги гледаат како старомодни, ригорозни и нешто на коешто не би требало да му се придаде посебно значење. Иако поедини правила можат да претрпат измени, убавите манири и културното однесување се прашање на стил, и никогаш нема да излезат од мода.

Напишете коментар