Skip to content

Ќе продолжиш ли? – Лина Димоска

Ако ти кажам дека си јака,
дека силна си,
дека не можат да те скршат,
ќе продолжиш ли?
Ќе продолжиш ли
да газиш по трње
само за да стигнеш онаму
каде што си зацртала?

Ако ти кажам дека си храбра,
дека моќна си,
дека не можат да те запрат,
ќе продолжиш ли?
Ќе продолжиш ли да чекориш по патот
на кој ветерот ти дува в лице
врајќајќи те назад,
само за да стигнеш онаму
каде што тој стои и гледа?

Ако ти кажам дека е залудно,
дека в прегратка друга држи,
дека ноќите со друга ги минува,
дека од туѓи усни се опива,
ќе продолжиш ли?
Ќе продолжиш ли
да трчаш по патот
на кој знаеш дека тој грб ќе ти сврти?

Ако ти кажам дека мораш сама,
ќе продолжиш ли?
Ќе продолжиш ли
да чекориш по патот
на кој ќе сфатиш
дека јака си,
дека силна си,
дека можеш сама…

Дека среќна си!

Напишете коментар