Skip to content

Одбележани 100 години од смртта на Марко Цепенков, истакнат собирач на македонски народни умотворби

Марко Костов Цепенков (Прилеп, 7 ноември 1829 – Софија, 29 декември 1920) бил истакнат собирач на македонски народни умотворби. Тие имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја и за правото и за моралот на Македонците. Цепенков е автор на неколку публикации напишани на македонски јазик. Македонскиот институт за фолклор го носи неговото име.

Роден е во сиромашно семејство, кое води потекло од прилепското село Ореовец. Заради тешката материјална состојба, основно образование учел само една година, а потоа продолжил да го учи терзискиот занает. Во периодот 1856-1857 почнал да собира народни умотворби, поттикнат од, како што самиот вели, Димитар Миладинов.

Годинава се одбележуваат 100 години од неговата смрт. По тој повод, МАНУ и Институтот за фолклор организираа научен собир. На собирот излагање имале 18 академици, професори и доценти од МАНУ, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (Филолошки факултет „Блаже Конески“), Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. А излагање имал и професорот Иванчо Талевски од Универзитетот Пенсилванија во Филаделфија во САД. Собирот се одржал според пропишантие протоколи за заштита од КОВИД-19.

Приказната во продолжение ја запишал Цепенков, и е објавена во 1989 година од Македонска книга, „Македонски народни приказни“, книга трета. Запишана е под број 284, на јазик карактеристичен за Цепенков. Прочитајте ја.

Царот и философот

Еден цар се шетал по чаршија еден ден и шетајќи стоел на патот еден философ што му бил познат на царот.

Еден цар се шетал по чаршија еден ден и шетајќи стоел на патот еден философ што му бил познат на царот.

–  Каде вака философе – му рекол царот – си се упатил низ чаршија?

–  И јас не знам, честити царе, кај одам – му одговорил философот.

–  Земете го философот и клајте го вапсаана дури да си дојдам јас, та после ќе му кажам на кого не му кажува каде одит.

Го зеле философот и го однесле апсаана. Откако беше си дошол царот од прошетка, го извадил философот од апсаана и ватил да го судит, и да му велит:

–  Оти, бре философе, ти прееска не ми кажа кај одиш, кога те сретов на патот и те прашав?

–  Ами кај знаев, честити царе, оти апсаана ќе ме клаеше ти та да ти кажам и да ти речам: апсаана одам, честити царе.

Кога  чу царот тој одговор од философот, на чудо беше станал и голем бакшиш беше му дал.

–  Вистина така је, бре философе – му рекол царот – човек не знаит кај одјт и не знаит што праит; човек си наредуат, а Господ му одредуат работата.

Напишете коментар