Skip to content

Хуманизам и ренесанса – будење на уметноста и науката

Хуманизмот и ренесансата се смета за едно од најзначајните културни движења во историјата на човештвото. Се појавува во текот на 14-ти век и почетокот на 15-ти век. Хуманизмот и ренесансата се појавуваат токму во онај период кога човекот најпосле решил да се ослободи од црковните правила и вербата во задгробен живот и да му се препушти на задоволствата на животот, светот и уметноста. Овој правец свое место нашол во науката и уметноста благодарение на тоа што на прво место го ставал човекот и животот, а не црквата заедно со сите нејзини правила и принципи. Енгелс рекол: “Хуманизмот и ренесансата, особено ренесансата, е најголем прогресивен пресврт, време што бара и раѓа гиганти, џинови по моќта на мислењето и карактерот, многустраноста и учењето.“

Литературата во време на хуманизмот и ренесансата

Заробени во келиите на темнината што ги налага средниот век, величенствените автори, чии дела и ден денес предизвикиваат восхит кај читателите, решиле на прво место да го стават човековиот живот, природата, убавината на светот и на живеењето. Поведени од главниот мотив на животот, љубовта, Данте Аригиери и Франческо Петрарка дозволуваат водилка низ нивните да дела да биде токму таа.

На Аригиери љубовта му покажува дека во пеколот се наоѓаат само оние кои што грешеле и дека луѓето кои животот го минале правилно сепак ги чека светол задгробен живот, додека Петрарка зборува за една платонска и неостварлива љубов кон која тој тежнее. Во “Декамерон“, Бокачо, поигрувајќи се со зборовите, се спротивставува на црквата, им се потсмева на оние кои веруваат во црковните правила, а уште повеќе ги критикува оние кои нив ги налагаат. Неговото дело е забрането од црквата. “Хамлет“ на Вилијам Шекспир покажува дека составен дел на човековиот живот е желбата за одмазда и омразата, иако ниту љубовните мотиви не се изоставени во ова дело, туку напротив ги има во изобилсто меѓу главниот лик и неговата љубена.

Науката во време на хуманизмот и ренесансата

За време на хуманизмот и ренесансата настануваат епохални откритија, кои до ден денес се од големо значење. Долга е редицата на таквите триумфи. Се случува пронаоѓањето на печатницата, отркивањето на Америка, доаѓањето на Васко де Гама во Индија, првото обиколување на планетата Земја од Магелан и многу други. Галилео Галилеј го открива телескопот и продолжува да ги шири Коперниковите погледи за поставеноста на Сончевиот Систем. Поради своите откритија, Галилеј доаѓа во судир со Инквизицијата, при што е принуден да се откаже од своите ставови, но тоа не се случува, па останува запаметен по својата изјава “Сепак се врти.“. Треба да се спомене и Леанардо да Винчи, кој, покрај што дал особен придонес кон светското културно наследство со своите уметнички дела, учествувал и во откривањето на анатомијата на човекот.

Што треба да научиме од хуманизмот и ренесансата?

Преку величенствените дела, авторите и научниците од хуманизмот и ренесансата покажуваат дека да се живее значи да се искористи секој миг онолку колку што е тоа возможно, до самата граница, до онаа капка која ја прелева чашата. Да се живее не значи само да се воздивнува, туку токму секоја воздишка треба да биде длабока за да може да ја почувствува коренот на душата. Воздишките и онака не се мерило за нашиот живот, единствена мерка се моменитите кои нè оставиле без здив.

Напишете коментар