Skip to content

Надеж – Марина Марковска

  • by

Чекорам во ноќта тивка…

Светилките што треперат

прават посебен сјај во ноќта.

Чекорам во ноќта тивка…

Сивилото на магливата ноќ е магично,

ја надополнува оваа студена ноќ.

Чекорам во ноќта тивка…

Студот ме прегрнува, но не ме допира.

Не допира до душава.

Го чуствувам огнот во градите,

трепетот на надежта во мене.

Чекорам во ноќта тивка со надеж дека ќе те сретнам.

Марина Марковска

Напишете коментар