Skip to content

Беседа

Свечен е чинот
На беседата
Го изговарам вашето име
Со почит
Достајна за световна
Светлост
Трепери воздухот
Мириса на темјан
Пијам вино
Со вкус
На избришан грев
Со лековитост
Бесребрена
Ја дишам
Слободата
Безмитна
Зошто онаму каде
Има сребро
Нема љубов
Зошто онаму каде
Има љубов
Таму сте вие,
Двајцата бесребреници.

Напишете коментар