Skip to content

Цитати од Фредерик Бегбеде за љубовта, смртта, емоциите, разводот и живеењето

Фредерик Бегбеде (роден на 21 септември 1965) е француски писател и романописец. Тој е еден од ретките писатели кој успеал со своите четириесетти да стане признат како писател. Автор е на прочуените романи во кои го опишува светот на високата мода и бизнисот. Во нив остро ги напаѓа маркетиншките трикови кои ја сочинуваат нашата реалност, а чиј креатор бил и самиот тој долг период.

Прочитајте ги цитатите извадени од неговите романи.

„Се согласувам со сите луѓе кои меѓусебно не се согласуваат“.

„После неколку дена во Америка секој Европеец се чувствува многу стар. Мене, да речеме ми фали загриженоста, егзистенцијалните прашања, преиспитување на епикурејското отуѓување. Премногу насмевки!“.

„Нивните весели лица се сатира за мојата душа“.

„Обожавам кога некој нобеловец го повторува она што јас го говорам“.

„Не би требало да ги запознаваме луѓето кои ги мразиме бидејќи на крајот ќе ги засакаме“.

„Среќата е позастрашувачка отколку депресијата“.

„Запрепастувачко е кога си толку чувствителен. Веќе си сит од сè за вистински да се заљубиш, а повторно премногу чувствителен за да останеш рамнодушен“.

„Се облекувам во црно бидејќи се жалам самиот себе. Носам црнина за човекот кој можев да бидам“.

„Сметам дека сум најтажната особа која некогаш сум ја сретнал“.

„Џетсетерите се осамени битија изгубени во морската ширина на површни познанства“.

„Добар ден на сите, писателот овде Добредојдовте во мојот мозок…“

„Сè што пијам го пијам на празно срце“.

„Снобовите немаат непријатели и поради тоа постојано говорат лошо за сити живи – се обидуваат да стекнат непријатели“.

„Комарецот живее еден ден, ружата три дена, мачката тринаесет година, а љубовта три. Така оди тоа. Првата е година на страста, потоа година на нежности, а на крај година на досада“.

„Во тоа се состои и мојот шарм: немам појма дека воопшто и го имам“.

„Многу време ми требаше да признам дека се оженив поради другите и дека бракот никогаш не е нешто што го правиме за сами себе. Се жениме за да им напакостиме на пријателите или да им угодиме на родителите. Или и поради двете, а понекогаш и обратно – на пријателите да им угодиме, а на родителите да им напакостиме“.

„Зошто никој не присуствува на разводите? Кога се женев сите мои пријатели беа околу мене. Но кога дојде денот за развод, јас бев незамисливо сам. Нема сведоци, роднини, ни пијани пријатели кои те тапкаат по рамо. Ни цвеќе, ни круна. Би сакал нешто да фрлаат на мене, ако веќе не може ориз, може некој домат, на пример…“

„Љубовта е готова во оној час кога е невозможно да се вратите назад“.

„Зошто се вели прељуба кога таа доаѓа после љубовта?“

„Најголема љубов е онаа невозвратената. Да се сака некој кој ве сака тоа е нарцисодино. Да се сака некој којшто не ве сака, е тоа е љубов“.

„Бегаш од среќа од страв среќата да не те претекне“.

„Треба да се донесе одлука: или убаво ќе живееме со некој или за него ќе копнееме“.

„Налудничаво е, просто е колку она што не го знам ме возбуда повеќе од она што го знам“.

„Бракот е злосторство бидејќи ја убива таинственоста“.

„Најубавите славења се оние кои се одигруваат во нас“.

„Слабостите секогаш единствено и привлекуваат“.

„Не е љубов само да страдаш или да нанесуваш страдање. Љубовта може истовремено да биде и едното и другото“.

„Денешните богаташи заборавиле дека парите се средство, а не цел. Не знаат повеќе што со себе. Во најмала рака кога човек е сиромашен може себеси да си каже: е да имам пари сè би дошло на место. Но кога си веќе богат, не можеш себеси да си кажеш дека сè ќе дојде на место ако купиш нова куќа долу на југ или нова спортска кола…“

„Луѓето коишто се плашат од смртта не се љубопитни“.

„Мојот проблем се состои во тоа што ти си решение за сите мои проблеми. Токму најциничните луѓе, најцрните песимисти, баш тие најчесто се заљубуваат бидејќи тоа е за нив добро. Оние кои ја критикуваат љубовта, неизоставно се оние на кои таа најмногу им треба“.

„Ако знаеш некој трик како да те заборавам, извести ме“.

Прочитајте ги и следниве мисли од францускиот писател Пол Валери!

Напишете коментар