Skip to content

5 прашања што треба да ги одговорите при поставување на нова цел

Психолозите ќе речат дека постои голема разлика помеѓу поставување цели и поставување правилни цели. Како да знаете дали вашата цел што си ја поставувате е правилна? Следнава скала од 5 прашања може да ви помогне. Рангирајте ги одговорите според објаснување на причината зошто сакате да ги постигнете целите.

Прашањата за дефинирање на правилна цел

1. Дали некој друг сака да ја исполнам оваа цел или јас ќе добијам нешто од некого ако ја исполнам?

2. Дали ќе се чувствувам засрамено ако не ја остварам оваа цел?

3. Дали вистински верувам дека ова е важна цел?

4. Дали оваа цел ќе ми овозможи забава и уживање?

5. Дали оваа цел ме претставува мене и рефлектира што вреднувам најмногу во животот?

Доколку прашањата 3 и 5 ги опишуваат вашите цели веројатно е дека сте на вистинскиот пат. Ако одговорот на прашањата 1 и 2 е позитивен тогаш можеби треба да направите промени.

Истражување од 2020-та година

Едно ново истражување покажува дека свесните индивидуи или луѓето кои успеваат да се присутни во сегашниот миг на долготраен и неосудувачки начин се подобри во поставување правилни цели отколку останатите.

Кога луѓето тежнеат кон цели кои се израмнети со нивните внатрешни вредности, таленти, интереси и потреби поверојатно е да си остварат нивните цели“, тврдат авторите на истражувањето, водено од Aidan Smyth од Универзитетот Carleton во Канада. „Тежнеењето и достигнувањето на автентичните (лични) цели овозможува автономни искуства, способност и поврзаност коишто се есенцијални за добросостојба. Спротивно на ова, тежнеењето кон неавтентични цели ги води луѓето кон губење време и енергија на таквите цели дури и ако се постигнати и не придонесуваат за добросостојба или развој“.

Свесните индивидуи поседуваат подлабоко ниво на свесност за себе, а истражувачите очекуваат тие да бидат подобри при поставување и постигнување цели кои се изедначени со нивните интереси. Тие го откриле следново: Луѓето чиишто скорови биле повисоки на 15-ајтемска скала за насочено внимание и свесност имале повисок ранг на ајтеми како што се „Изгледа непрекинато и автоматски без многу свесност ова што го правам“ и „Се наоѓам себеси правејќи работи без да обрнам многу внимание“, рефлектирале намалена внимателност, но покажале поголема внатрешна мотивација при остварување на нивните цели.

Заклучок од истражувањата

Истражувачите го повториле овој пронајдок користејќи лонгитудинална студија. Во неа бил следен прогресот за остварување цели во подолг период. Не само што откриле дека свесните индивидуи се подобри во поставување на нивните автентични цели туку и дека биле поуспешни во нивно проникнување.

Авторите заклучуваат: „Севкупно, ова истражување го поддржува тврдењето дека совесните индивидуи поставуваат “подобри“ цели – такви кои се повеќе поврзани со нивната автентична природа, корисни за напредок и усвојување во постепен период“.

Интересно е што ова истражување се усогласува со други трудови за свесноста и постигнувањата. Неодамнешна студија објавена во списание Советодавна психологија покажала дека свесните индивидуи се поамбициозни од другите. Ова може да звучи контрадикторно, но истражувачите ја откриле причината зошто е така. Тврдат дека амбициозните индивидуи се вешти во балансирање на нивното внимание и свесност при постигнување на нивните цели. Менталниот фокус, неопходноста за да се биде амбициозен и успешен човек се рефлектираат во повеќе квалитети поврзани со внимателноста.

Дознајте и кои начини на однесување прават раздор во партнерските односи!

Напишете коментар