Skip to content

Митот за пророчицата Касандра на која никој не ѝ верувал

Касандра е една од големиот број ќерки на тројанскиот крал Пријам и неговата жена Хекаба. Според легендата, Аполон, грчкиот бог на пророштвото и лекувањето, се вљубил во неа. Тој и дал дар за претскажување на иднината, а таа не му возвратила со љубов, поради што ја проколнал никој да не обрнува внимание на нејзините пророштва. Татко ѝ Пријам сакал да ја понуди на Менелај како жена наместо Елена.

Го предвидела паѓањето на Троја

Касандра го предвидела и паѓањето на Троја, но никој не ѝ верувал. Кога еднаш нејзиниот татко Пријам испратил делегација за преговори со еден од кралевите во Грција, Теламон, кој ја грабнал неговата сестра Хесиона, а Касандра пророкувала дека преговорите ќе бидат неуспешни и дека Троја ќе биде нападната и ќе ја изгуби војната Пријам, за да ја избегне непријатноста, Касандра ја затворил во тврдината. Касандра, заедно со Лаокоонт, синот на Антенор, ги предупредувале Тројанците и за тоа да не го внесуваат дрвениот коњ во градот бидејќи во него има вооружени луѓе, но никој не поверувал на тоа и дрвениот коњ бил внесен и поставен на тврдината.

Ја зел Агаменон со себе во Микена

Кога Ахајците кои биле скриени во дрвениот коњ излегле и почнале да убиваат во градот, Касандра избегала во храмот на Атина и се залепила до дрвениот лик на божицата, кој се наоѓал на местото на Паладиумот. Тука ја нашол Малиот Ајант и се обидел да ја одвлечка, но таа толку силно го прегрнала дрвениот лик, па морал да ја однесе заедно со него во харемот во кој ги собирале тројанските жени. Неа, како награда за своите заслуги ја побарал Агамемнон. Хермес го предупредил дека, при изнесувањето од Храмот, Ајант ја силувал, но Агамемнон (еден од најголемите херои во грчката митологија), сепак, ја зел за себе.

Касандра на Агамемнон му родила и два сина, близнаци, Теледам и Пелоп. На враќање од војната, Агамемнон ја довел во Микена каде, заедно со него, на специјално организирана гозба, била убиена од неговата сопруга Клименестра и Егист, за одмазда. По убиството на Агамемнон и Касандра Егист ги заклал и нивните деца – близнаци, Теледам и Пелоп.

Прочитајте го и Митот за Херакле, потеклото на името и задачите.

Напишете коментар