Skip to content

9 нешта кои го прават животот подобар

Единствена константна работа во нашиот живот е промената. Не можеме да ја избегнеме и колку повеќе ѝ се спротивставуваме животот станува потежок. Таа ќе ве пронајде, ќе ве предизвика и ќе ве натера повторно да размислите како го живеете животот.

Промената е закон за животот и оние кои гледаат само на минатото или сегашноста сигурно ќе ја пропуштат иднината“. – Џон Ф. Кенеди

Опкружени сме со промената и таа е единственото нешто кое име најдраматично влијание на нашите животи. Промената има способност да се фати во чекор со вас во одреден период. Таа може да се појави како резултат на криза, како резултат на избор или случајно. Сите сме соочени со изборот, дали ќе направиме промена или не? Секогаш е подобро да се направи промена, и да се одлучиме на нејзе пред да бидеме принудени.

Не можеме да ги избегнеме неочекуваните настани во нашите животи бидејќи тие претставуваат предизвик. Единствено можеме да ја контролираме нашата реакција на таквите предизвици. Нашата моќ за избор ни овозможува да активираме позитивни промена во сите аспекти од живеењето.

Следниве 9 нешта што можете да ги направите во вашиот живот ќе го променат на подобро

1. Пронајдете ја смислата во животот

Одвојте време и обидете се да заклучите што ви е важно во животот и зошто. Што е тоа што сакате да го постигнете? Кои се вашите соништа? Што ве прави среќни?

Вашата смисла во животот ви дава цел и ја поставува насоката за начинот на живеење. Пронаоѓајќи ја смислата нема бесцелно да лутате, туку ќе бидете насочени, фокусирани и со зацртани цели.

2. Направете мапа со желби (визуелна табла)

Кога бевме деца фантазиравме цело време. Бевме вешти во сонувањето и визуализација, мислевме дека сè е возможно. Со растењето ја губиме способноста за фантазирање. Нашите соништа стануваат невидливи и почнуваме да чувствуваме дека е невозможно да се остварат нашите соништа.

Мапата со желби е одличен начин повторно да почнеме да веруваме во нашите соништа. Ако секој ден ги набљудувате вашите соништа на мапата со желби, ќе ги внесете во својот живот. Тие ќе се остварат и ќе почнете да верувате во можноста за нивно постигнување.

3. Поставете цели за остварување на вашите соништа

Кога знаете што ви е важно во вашиот живот и кој е вашиот животен сон,треба да поставите долготрајни, краткотрајни цели и цели некаде измеѓу нив (со средно траење). Тие ќе ви помогнат да ги остварите вашите соништа. Запомнете дека вашите цели можете да ги промените. Секогаш бидете флексибилни во поставување и нивно остварување бидејќи како што се менува животот автоматски се менуваат и вашите цели. Тоа се мали чекори со кои ќе предизвикате промени.

4. Прекинете со жалење

Жалењето само ве уназадува. Тоа му припаѓа на минатото и ако целото време го потрошите на размислување за минатото ќе ги пропуштите сегашноста и иднината. Не можете да го промените она што сте го направиле или не сте го направиле во минатото. Затоа пуштете го да биде каде што припаѓа. Единствено нешто над кое имате контрола е – сега. Вие бирате како ќе го живеете својот живот во сегашноста и иднината.

5. Почнете да живеете убав и балансиран живот

Нашето здравје не останува исто. Физичката, емоционалната и духовната состојба се менуваат со стареењето. Но ние можеме да контролираме како ќе ги храниме нашиот ум и тело. Урамнотежениот и здрав живот ја гради нашата отпорност на физичките промени од нашите тела.

Вежбањето е најдобар начин на кој можеме да постигнеме позитивен и оптимистичен став кон живот. Здрав и урамнотежен живот со многу физичка активност е стил на живот кој несомнено води до задоволство и исполнетост од живеењето.

6. Соочете се со стравовите

Лесно е да се занемарат сопствените стравови во надеж дека ќе исчезнат. За жал, тоа не функционира на таков начин. Ако сакате да го промените животот мора да научите да ги совладувате своите стравови. Совладувајќи ги тие нема да можат да ве контролираат вас. Тие се само нереални мисли во вашиот ум за кои со текот на времето сте поверувале дека се вистински.

Вашите стравови ве спречуваат да го живеете сопствениот живот во целост. Како ќе знаете дека тие го контролираат вашиот живот? Тогаш кога ќе се чувствувате незадоволно и неисполнето.

7. Прифатете се себеси

Единствена особа која може да создаде промена во вашиот живот – сте вие. За да ја создадете таа промена – мора да се сакате себе. Понекогаш во животот ќе се соочувате со отфрлање и ќе има луѓе на кои нема многу да им се допаѓате.

Кога ќе прифатите кои сте и ќе почнете да се сакате себеси, полесно ќе тргнете напред и побрзо ќе напредувате во животот. Ако постојано се омаловажувате и посакувате да се подобри, тоа само ќе донесе повеќе незадоволство и тага.

Пронајдете ја храброста, таа е некаде во вас, засакајте се и направете нешто “лудо“. Не се грижете за мислењето на некој друг дали тоа е вистинската работа да се направи. Ако вие со срцето чувствувате дека е вистинско, дејствувајте и создадете го животот кој го посакувате.

8. Живејте во мигот

Многумина од нас имаат тенденција да помислат дека некому друг животот му е посреден од нашиот. Но зад затворени врати сите имаат свои проблеми, а кога ќе се запознаеме со нечија приказна сфаќаме дека и не сме мислеле точно. Мотивацијата за промена на нашиот живот доаѓа од нашата желба да бидеме среќни. Ние сме толку фокусирани на барање среќа што доведува да ја пропуштиме радоста на живеењето во сегашниот миг.

Станавме толку многу загрижени од нашите проблеми и незадоволство во сегашноста и ја пропуштаме драгоцената убавина на мигот. Кога седиме на плажа и јадеме сладолед со својот најдобар пријател или партнер – тоа е миг на среќа.

Кога секојдневно ја изразуваме благодарноста и ги цениме нештата, тоа е чувство на среќа во сегашниот миг. Помагањето на оние на кои им е потребна помош исто така ни носи радост и среќа. Немојте да ги пропуштате овие мигови поради преголемиот фокус за потрага по среќа.

9. Искусете ја радоста од учењето

Секојпат кога ќе научите нешто ново вие стекнувате повеќе знаење, а со повеќе знаење доаѓа и повеќе самодоверба. Учењето помага во адаптибилност и флексибилност во нови ситуации. Тоа поттикнува на креативност и иновација во размислувањето.

Читањето книги е одличен начин на учење. За да ја сфатите во целост радоста од учењето никогаш не прекинувајте да читате. Не прекинувајте да трагате по знаење! Учењето му дава смисла на нашиот живот, а тоа е она што го прави истиот вреден.

Дознајте кои 5 прашања да си ги поставите чиишто одговори ќе ви помогнат при дефинирање нова цел!

Напишете коментар