Skip to content

Крсте Петков Мисирков е роден на денешен ден

Д-р Крсте Петков Мисирков роден во Постол, Егејска Македонија на 18 ноември 1874 – Софија, а починал во  Царство Бугарија на 26 јули 1926. Тој е македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво. Автор е на првата книга и првото списание на современ македонски јазик. Oсновоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петербург, Одеса и Софија. Раководител на ТМОК и личност на македонскиот 20 век.

Во 2020 година се одбележаа 146 години од неговото раѓање. Се наоѓаме во период кога нашата земја има проблеми од политичка и национална основа поврзана (покрај другото) со нашиот македонски јазик. Наше е да го чуваме, негуваме и заштитиме македонскиот јазик.

По тој повод, го споделуваме извадокот кој го претставува ставот на Мисирков токму за нашиот јазик.

Јазикот јет средство, со које није познаваме, шчо мислит, шчо осе-ќат и шчо сакат нашијот собеседник. Да сочуат некој својот народен ја-зик и да го бранит као светијња, значит, да останит он верен на дуот на својите предедовци и да уважаат сè, шчо имаат они напраено за својето потомство. Да се откажит чоек от својо народен јазик, значит, да се от-кажит он и од народнијот дух. Милоста кон народнијо јазик јет наш долг и наше прао. Ние сме должни да милуаме нашијот јазик, зашчо тој јет наш, исто така, као шчо ни јет наша таткоината ни.

Није имаме и прао, осем долгот, да браниме нашијот јазик и тоа прао ни јет свешче-но. Секој, кој шчо напаѓат на нашијот јазик, ни јет исто таков наш не-пријатељ, као и нападачот на нашата вера. Верата и јазикот, тоа сет ду-шата на једен народ. Значит, да се откажит једен народ од својот јазик, се велит, да се откажит он и от сам себе и својите интереси; се велит, да престанит да гледат на себе со своји очи, да судит за себе и за друзите со својот ум и разум, а да чекат укажајње за сè от страна. Једен народ, кој шчо изгубил својот јазик, мјасат на једен чоек, кој шчо изгубил па-тот и не знајт от кај идит и кај одит, и кој шчо не знајт зашчо одит вамо а не онамо или тамо… („Неколку зборој за македонцкијот литературен јазик“ – К. П. Мисирков)

Напишете коментар