Skip to content

8 уникатни библиотеки ширум светот

Библиотеките се места каде што се кријаат најпопуларните книги кои на светот му се познати, но и оние книги кои чекаат да се најдат во рацете на вистинскиот читател за тој на светот да му разоткрие. Ние ќе ви претставиме неколку најубави и највепчатливи библиотеки ширум светот.

1. Библиотеката во Санкт Гален – Швајцарија

Единствени ракописи од IX век и првиот архитектонски план на пергамент се само дел од книжевните богатства кои се чуваат во оваа библиотека стара 1.200 години. Библиотеката е уредена во барокен стил.

2. Библиотеката Ел-Каравијини – Мароко

Една од најстарите библиотеки, Ел-Каравијини во Фес, ја основала жена, Фатима ал-Фихријате во 859 година. Архитектот Азиза Каоуни во 2016 година го објавува ентериерот на овој простор, кој освен богатство од книги, содржи и древни мозаици, соларни панели и кафич.

3. Универзитетската библиотека Бодлеана – Велика Британија

Оваа библиотека е една од најстарите библиотеки во Европа. Содржи повеќе од 11 милиони ракописи, меѓу кои се наоѓа и Првото Фолио од Шекспир, Вернон ракописот и Бакшали ракописот, во кој се наоѓа најраниот приказ на симболот нула.

4. Конгерсната библиотека – САД

Конгресната библиотека во Вашингтон е национална библиотека на САД и претставува една од најголемите библиотеки во светот. Во нејзината колекција е вклучена најголемата збирка на ретки книги од Северна Америка, повеќе од 29 милиони каталогизирани книги и повеќе од 58 милиони ракописи.

Во оваа библиотека може да уживате во тематски пешачки тури и на тој начин да се запознаете со богатството кое се крие во ова место.

5. Библиотека Сликовница – Јапонија

Секое дете може да избере својата омилена сликовница и да ужива во неа во некое од многубројните слатки катчиња. Оваа библиотека во Иваки е позната и како Музеј на сликовниците.

6. Брод библиотеката Епос – Норвешка

Почнувајќи од 1959 година, овој брод, кој е долг 25 метри, секое лето минува крај фјордовите и со себе носи 6.000 книги кои се разменуваат во 150 различни градови на западниот брег во Норвешка.

7. Библиотеката во Александрија – Египет

Библиотеката во Александрија е основана во III век пред наша ера и била најголема античка библиотека. За жал таа е уништена, но истата е обновена во 2002 година.

Во чест кон старата библиотека во Александрија, подигната е модерна библиотека на 11 ката, која во својот облик потсеќа на диск.

Во склоп на оваа библиотека се наоѓа и најголемата јавна читална во светот, како и специјализирана детска читална, музеј направен по антички пример и нобелова соба.

8. Гратската библиотека во Штудрарт – Германија

Новата гратска библиотека во Штудгард е единствена во секој поглед. На прв поглед, вниманието ви го одвлекува необичната фасада од светло сив бетон и стакло. Во внатрешноста преовладува бела боја и модерни решенија.

Дали сте подготвени за прошетка до некоја од овие библиотеки? Дали некоја веќе сте посетиле? Доколку да, споделете го вашето искуство во коментар.

Напишете коментар