Skip to content

Меѓу мене и тебе – Менче Кадинец

  • by

Молкот тихо потонува
Тишина оптегната
меѓу мене и тебе
По неа чекорат мисли
се споиле зборовите
како во коло
се протегнале.
А бродот потонал
на дното се гаснат
емоциите
меѓу мене и тебе.
А лавина
од спротива избувна,
пламени јазици
ја горат тишината.
Молкот
се помеша со крикот
Меѓу мене и тебе
гори тишината.

Менче Кадинец

Напишете коментар