Skip to content

Легендата за Радин мост во Кратово

Архитектурата на Кратово е карактеристична по типичната староградска македонска архитектура. Речиси во сите градби се среќава каменот и дрвната конструкција, пересте и плитар. Ваквиот начин на градба им овозможува еластичнот и цврстина на градбите, во стилот на старомакедонската архитектура.

Радин мост

Овој мост се наоѓа на познатата Манцева Река и е подигнат во 1833 година. Мостот е подигнат на две високи кули, од кои едната е висока 28 а другата 29 метри. Сегашниот мост е изграден од познатиот скопски големец Хавзи-паша. За нај­про­чу­е­ни­от Ра­дин мост се рас­ка­жу­ва по­трес­на ле­ген­да спо­ред ко­ја во те­ме­ли­те жи­ва е за­ѕи­да­на Ра­да. По­трес­на­та при­каз­на за де­вет­те бра­ќа-ѕи­да­ри и за уба­ва­та не­ве­ста Ра­да сѐ уште прив­ле­ку­ва го­лем број стран­ски и до­маш­ни ту­ри­сти, кои до­а­ѓа­ат да го ви­дат ле­ген­дар­ни­от Ра­дин мост во Кра­то­во.

Мо­стот бил по­диг­нат и пу­штен во упо­тре­ба на 16 сеп­тем­ври 1833 го­ди­на, а упра­ву­ва­ње­то со град­ба­та му би­ло до­ве­ре­но на то­гаш­ни­от скоп­ски го­ле­мец Хав­зи-па­ша. За из­град­ба­та на мо­стот би­ла обез­бе­де­на фи­нан­си­ска по­мош од гра­дот Ду­бров­ник, бла­го­да­ре­ние на за­лож­би­те на жи­те­ли­те на ду­бров­нич­ка­та ко­ло­ни­ја во Кра­то­во, ко­ја има­ла 57 ку­ќи, и на гер­ман­ски­те ру­да­ри Са­си, кои ги об­но­ви­ле ста­ри­те кра­тов­ски руд­ни­ци. Мо­стот пре­ку Ман­це­ва Ре­ка бил по­тре­бен за ко­му­ни­ка­ци­ја со Зле­то­во, Лес­но­во, Штип, Ко­ча­ни и со окол­ни­те гра­до­ви.

Изграден од мајстор Раде во 14 век

– Уште кон кра­јот на 14 век, поз­на­ти­от мај­стор Ра­де из­гра­дил мост, кој бил поз­нат ка­ко Ра­дев мост. На две­те стра­ни има­ло стра­жар­ни­ци и се нап­ла­ќа­ла мо­ста­ри­на во на­ту­ра – со јај­ца, мед, си­ре­ње, ур­да… Но, око­лу 1820 го­ди­на мо­стот бил уни­штен по удар од гром.

Та­ка, пат­ни­ци­те оста­на­ле отсе­че­ни, а тр­гов­ски­те вр­ски со окол­ни­те гра­до­ви би­ле отеж­на­ти и мо­ра­ло да се кру­жи пре­ку Ар­гу­лич­ки мост. За­тоа, ду­бров­ча­ни­те и Са­си­те, кои жи­ве­е­ле во Кра­то­во, из­дејс­тву­ва­ле средс­тва од Ду­бров­ник и ја поч­на­ле из­град­ба­та на ле­ген­дар­ни­от Ра­дин мост, не­по­сред­но над раз­ур­на­ти­от Ра­дев мост, од кој сѐ уште сто­јат оста­то­ци – рас­ка­жу­ва­ат кра­тов­ци, кои дол­ги го­ди­ни ги чу­ва­ат и со­би­ра­ат ле­ген­ди­те и пре­да­ни­ја­та за зна­ме­ни­то­сти­те во Кра­то­во.

Легендата за де­вет­те бра­ќа-ѕи­да­ри

Спо­ред ле­ген­да­та, из­град­ба­та на Ра­дин мост би­ла ама­нет од мај­ка­та на де­вет­те бра­ќа-ѕи­да­ри.

– Мај­ка­та на де­вет­те бра­ќа, кои би­ле од кра­тов­ско­то се­ло Кри­ла­ти­ца, еден ден трг­на­ла на па­зар во Ку­ма­но­во, но не стиг­на­ла за­тоа што Kри­ва Ре­ка го од­не­ла Мар­ков мост. По тоа, таа на сво­и­те си­но­ви им оста­ви­ла ама­нет да гра­дат по еден мост се­ка­де ка­де што ќе одат за да се ши­ри шоп­ла­кот, би­деј­ќи тие по­тек­ну­ва­ле од по­драч­је­то на­се­ле­но со Шо­пи и си­те де­вет­ми­на има­ле шоп­ски ими­ња – рас­ка­жу­ва­ат кра­тов­ци.

Спо­ред пре­да­ни­е­то, тие поч­на­ле да го гра­дат мо­стот на Ман­це­ва Ре­ка, но тој по­сто­ја­но се ури­вал. Сѐ што ќе из­гра­де­ле де­ње, но­ќе па­ѓа­ло. За да им „трае“ мо­стот, тие се до­го­во­ри­ле сна­а­та што утре­ден­та ќе им до­не­се ру­чек да ја за­ѕи­да­ат во те­ме­ли­те за да се зац­вр­сти град­ба­та. Си­те им ка­жа­ле на сво­и­те не­ве­сти за до­го­во­рот, са­мо нај­ма­ли­от брат не ка­жал. Утре­ден­та, најм­ла­да­та Ра­да им при­го­тви­ла ру­чек и им го од­не­ла на мај­сто­ри­те, а ко­га ја ви­де­ло неј­зи­но­то мом­че, сил­но зап­ла­ка­ло. Де­ве­ри­те, пак, ја фа­ти­ле и жи­ва ја за­ѕи­да­ле во те­ме­ли­те. Ра­да са­мо мил­но ги за­мо­ли­ла да ѝ ја оста­ват дес­на­та гра­да за да мо­же да си го на­дои ма­шко­то де­те.

Ова е нај­ра­ши­ре­на­та и нај­при­фа­те­на ле­ген­да за ко­ја Ва­ска Или­е­ва има ис­пе­а­но и пес­на, но по­стои и пре­да­ние де­ка во те­ме­ли­те на мо­стот е за­ѕи­да­на са­мо сен­ка­та на Ра­да, а таа би­ла по­ште­де­на да не оди кур­бан за­ра­ди до­ен­че­то што го има­ла, се рас­ка­жу­ва во Кра­то­во.

Прочитајте ја и легендата за Прохор Пчињски и царот Роман Диоген.

Напишете коментар