Skip to content

Три точки – Виктор Кадинец

  • by

Не сакам правила во пишувањето.

Со правила лимит ставаш.

Најомилени ми се три точки…

Зар можат три точки да кажаат…сè?

Зар не се замислуваш во таа некрајност,

не недокажаност…некрајност?

Немаш граница, лебдиш како бавен чекор

од образ до папок…

како капка скокотлива на намовната кожа…

гола до бесвест…која го наоѓа својот пат,

по природен пат.

Се лизга…бавно…

Се дели на два дела и се слива.

Абе не е еротика ова абдали 🙂…

Три точки се…

без правило…

без ред…

Три точки кажуваат… СÈ…

За сите…

Виктор Кадинец

Напишете коментар