Skip to content

49 совети кои секој старец би сакал да ги знаете

Дали често се прашувате што мислат старците кои осамено седат на клупите во паркот? Што ако сакаат нешто да ви кажат? Старците имаат големо животно искуство и сигурно имаат совет кој може да ви послужи во секоја ситуација. Издвојуваме 49 совети кои секој старец би сакал да ги знаете:

1. Кога се ракувате, цврсто стегнете ја дланката на другиот.

2. Гледате ги луѓето в очи.

3. Пејте под туш.

4. Купете си квалитетно радио.

5. Ако некогаш сте дел од тепачка, удрете прв и тоа со сета сила.

6. Чувајте тајни.

7. Не се откажувајте од луѓето. Чуда се случуваат секој ден.

8. Прифаќајте помош од друг.

9. Бидете храбри. Дури и кога не сте, глумете дека сте. Никој нема ја забележи разликата.

10. Потсвирнувајте.

11. Избегнувајте саркастични коментари.

12. Внимателно изберете го животниот партнер. Од оваа одлука зависи 90% вашата среќа во животот.

13. Нeка ви стане навика да правите убави работи за луѓе кои никогаш за тоа нема да разберат.

14. Позајмувајте им ги на другите само оние книги кои сте спремни да не ги видите никогаш повеќе.

15. Никогаш никому не му ја скратувајте надежта. Можеби само таа им преостанала.

16. Кога играте игри со деца, оставете ги да победат.

17. Дајте им на луѓето втора шанса, но не и трета.

18. Бидете романтични.

19. Бидете најоптимистичната личност која ја познавате.

20. Опуштете се. Освен во ретки случаи, кога се работи за живот или смрт, ништо не е онолку значајно колку што ви изгледа.

21. Немојте да дозволите телефонски повик да ви уништи важен момент во животот. Телефонот треба да ви служи вам, а не вие нему.

22. Бидете добар губитник.

23. Бидете уште подобар победник.

24. Размислете два пати пред да му се доверите на пријателот.

25. Кога некој ќе ве прегрне, дозволете му нему да одлучи кога ќе ве пушти.

26. Бидете скромни. Многу откритија се случиле и пред да се родите.

27. Не комплицирајте.

28. Чувајте се од луѓе кои немаат што да изгубат.

29. Не ги рушете мостовите зад себе. Ќе се изненадите колку пати ќе треба да поминете преку истата река.

30. Живејте го животот онака што на надгробната плоча би можело да ви пишува “Не жалам за ништо.“.

31. Бидете одлучни и храбри. Повеќе ќе се каете за работите кои не сте ги направиле отколку за оние кои сте ги направиле.

32. Никогаш не пропуштајте прилика да му кажете некому дека го сакате.

33. Запамтете дека никој не може сам. Имајте благодарно срце и заблагодарувајте им се луѓето кои ви помогнале.

34. Преземете одговорност за својот став. Не дозволувајте им на другите да одлучуваат за вас.

35. Посетете ги пријателите или родините, ако завршат в болница. Вам ќе ви одземе неколку минути, а ним тоа ќе им значи многу.

36. Започнете го секој ден со музика.

37. Често шетајте низ природа.

38. Испратете им картички на луѓето за Денот на вљубените. Потпишете се како “Некој/а смета дека си фантaстичен/на.“.

39. Јавувајте се на телефон полни со позитивна енергија.

40. Покрај креветот секогаш чувајте лист и мастило. Најубавите идеи понекогаш се раѓаат во 3 наутро.

41. Почитувајте ги сите кои заработуваат, безразлика што работат.

42. Поклонувајте им цвеќиња на луѓето кои ги сакате. Причината не е важна.

43. Разубавете му го денот на некого со ситници.

44. Бидете нечиј херој.

45. Венчајте се само од љубов.

46. Бидете благодарни за нештата со кои сте благословени.

47. Пофалете го јадењето кога сте кај некого на вечера.

48. Запамтете дека 80% од успехот во секоја работа се состои во способноста да соработувате со други.

49. Не очекувајте животот да биде фер.

Напишете коментар