Skip to content

Мојата сестра – Силвана Димитровска

  • by

Низ животот на една личност минуваат многу луѓе, едни ги поздравуваме само ако мораме а други ги гледаме еднаш и можеби никогаш повеќе, а трети ги запознаваме еднаш и тоа трае цел живот. Една од овие луѓе си баш ти која влезе во мојот живот случајно или намерно но остана во мојот живот засекогаш.

Пријатели можеш да имаш многу но вистински се многу ретки што можеш на прсти да ги изброиш. Нас нѐ спои Бог и од нас направи две во едно цело. Ти си мојата најдобра другарка односно мојата СЕСТРА. Најдобра другарка си ми затоа што многу пати се инаетивме една на друга ќе се изнавикавме па повторно си подаваме рака како малите дечиња, толку искрено како ништо да не било.

Што и да се случеше добро или лошо веднаш се јавуваме една кај друга. Најдобри другарки сме затоа што ме поднесуваш и кога сум најлоша, знаеш да ме разбереш во секоја ситуација и кога не сум во право знаеш да кажеш така е. Најдобра другарки сме  затоа што никогаш не ми правиш нешто за да се чувствувам непријатно.

Со тебе секогаш е пријатно и секогаш има смисла. Не треба да ти објаснувам и не се грижам за тоа дали ги разбираш шегите. Но ти веќе си ги разбрала и продолжуваш со иста мера. Се разбира шега.
Ти Благодарам најмила!!! Те сакам бескрајно…

Силвана Димитровска

Напишете коментар