Skip to content

81 година од објавувањето на “Бели мугри“ од Кочо Рацин

За стиховите на Кочо Рацин со сигурност може да се каже дека се меѓу најдобрите во светот. Од нив е исплетена стихозбирката “Бели мугри“, која е објавена на 25 ноември 1939 година во Сомбор, Хрватска, во печатницата на Драгутин Шпулер во 4.000 примероци. Според вообичаената комунистичка практика, насловот е со црвени букви. Заради опасноста да не се дознае идентитетот на авторот, Коста Солев, ја објавува стихозбирката под псевдонимот К.Рацин. Стихозбирката брзо се разграбува на просторите низ цела Југославија и во Пиринска Македонија и постихнува голем успех.

Мотиви во стихозбирката

“Бели мугри“ е составена од 12 песни, од кои 2 се циклуси. Песните се напишани на велешки дијалект со примеси од западномакедонските говори. Во стихозбирката доминираат социјални и револуционерни теми. Според лирскиот вид, стихозбирката е социјална, а во песните доминираат аргатските, печалбарските, револуционерните и елегичните мотиви. Насловот е симболичен – Бели мугри – пејзаж кој посакуваат да го видат аргатите и работниците. Симболизира ново утро, нова надеж и нови почетоци. “Бели мугри“ е создадена под влијание на “Зборникот“ на Миладиновци.

Песни со аргатски мотиви

Меѓу песните во “Бели мугри“ среќаваме песни со аргатски мотиви. Тоа се песните “Денови“, и “Тутуноберачите“.

Во песните на различен начин, преку компарации се опишани маките на аргатите. Деновите минати како аргат се мачни и тешки, започнуваат со надеж дека нешто можеби ќе се смени, но завршуваат со иста тага и очај дека ништо не се сменило. Низ овие песни се чувствува тивок револт. Рацин совршено ја доловува горчливоста на животот која со која живее секој аргат, но и борбата за подобро утре на идните генерации.

Елегии и балади

“Ленка“ на Рацин е можеби најубавата македонска балада. Во песната е опеан животот на девојката која “остави кошула тенка, ленена, недовезана на разбој и на налани отиде тутун да реди в монопол…“.
Во песната, преку градација, е опишано како се влошува здравствената состојба на девојката, за на крајот земјата на Ленка да и ја покрие снагата. Уште една песна полна со вистински емоции, која кај читателот буди чувство на револт и никого не остава рамнодушен.

Останати песни

Во стихозбирката се среќааваат и други песни. Како и во гореспоментатите, така и во останатите песни на Рацин, чувстото на револт, на непокор и на желба за подобро утре ќе ве води низ песните додека уживате во оваа стихозбирка. Песните изобилуваат со стилски изразни средства, а сепак се разбирливи за секој читател. Рацин до ден денес низ своите стихови повикува на непокор и на вечна борба на работиниците за своите права.

За крај, ќе издвоиме неколку негови стихови од песната “Татунчо“.

“И ако не умрам дома
туку кај што стии пиштат
в борба искри кај што л’штат –
блазе, речи на душата –
има зошто душа да е!“

Напишете коментар