Skip to content

Конкурс за најдобар есеј на тема: „Корона во време на Новогодишни празници“

  • by

Тимот на Крајбрежје распишува конкурс за најдобар есеј на тема: „Корона во време на Новогодишни празници“.

– Право на учество имаат сите автори од сите возрасти.

– Учесниците помали од 18 години да напишат име и презиме на менторот.

– Право на учество имаат и автори што не творат на македонски, есејот да биде напишан на нивниот мајчин јазик, но задолжително да се достави и превод на македонски јазик.

– Есејот треба да содржи најмалку 400, а најмногу 750 зборови и да биде напишан на македонски јазик.

– Творбите треба да се испраќаат на електронската адреса: [email protected] во Ворд документ најдоцна до 25.12.2020 г.

Трите најдобри есеи ќе бидат објавени на блогот Крајбрежје на 5.1.2021 г.

Првонаградениот ќе добие подарок книга.
Едит: Дополнително ќе бидат доделени 5 книги благодарение на доброволното учество во наградувањето на една македонска авторка.

Сите пристигнати творби ќе бидат објавени во електронски зборник.

Напишете коментар