Skip to content

Поучна приказна: Колку тежи една навреда?

Во дамнешните времиња во текот на процутот на една древна цивилизација каде се почитувале љубовта и мудроста, младите луѓе биле поучувани преку примери и лични исксутва. Еден ден набљдувајќи го својот учител младиот ученик го прашал:

– Толку си смирен, мудар, секогаш добро расположе, никогаш не се лутиш. Откриј ми ја тајната и помогни ми да бидам таков.

Учителот прифатил и го замолил ученикот да му донесе компир и една обична вреќа.

– Кога ќе му се налутиш некому и ќе ја сокриеш својата навреденост земи еден компир па од едната негова страна напиши го своето име, а од другата името а човекот со кој си се замерил, а потоа стави го компирот во вреќата.

– И тоа е сѐ? – прашал ученкот изненадено.

– Не, – одговорил учителот – потребно е секогаш со себе да ја носиш таа вреќа, секогаш кога ќе се почувствуваш навредено во него да ставиш компир.

Ученикот се согласил. Поминало одредено време. Вреќата се полнела со компири и станувала попрлично тешка. Било многу непријатно постојано да се носи со себе. Покрај тоа компирите кои први биле ставени во вреќата почнале да се расипуваат. Некои из’ртиле, а некои скапале и почнале да шират непријатен мирис. Ученикот пошол кај учителот и рекол:

– Невозможно е ова да се носи со себе. Прво, вреќата е премногу тешка, а второ компирите се расипаа. Предложете ми нешто друго.

Но учителот одговорил:

– Истото се случува и со твојата душа. Кога ќе се налутиш некому или ќе се навредиш, во твојата “душевна вреќа“ се додава уште еден тежок “компир“ иако ти веднаш не го забележуваш. Потоа вреќата станува сѐ потешка. Постапките се претвораат во навики, навиките во карактер кој раѓа пороци и особини кои мирисаат како застоениот компир. И на тој товар лесно би заборавиле да не би бил премногу тежок за да се носи со себе. Ти дадов можност да го набљудуваш целиот тој процфес од страна.

Секој пат кога ќе одлучиш да се навредиш или некому да нанесеш навреда размисли дали тој “компир“ е потребен.

Прочитајте ја и оваа приказна со наслов „Јајце“ која е преведена над 30 јазици во светот!

Напишете коментар