Skip to content

Сам ќе си одам – Виктор Кадинец

  • by

Ниту си страст,

заводлива како жежок асфалт

потурен на чакал.

Спремен за ваљак да го мине.

 

Ниту си стара играчка,

испреплетена во раце.

Фрлена среде соба од заборавот

на новата.

 

Ниту си четиво од пионерска книга,

кога завет се даваше со збор,

а не со срце.

 

Ниту мислам да те играм,

како топка да те чалгам,

со скината патика да свикам- Голлл.

 

Ниту трофеј сакам да ми бидеш,

на полица прав да фаќаш.

Да те гледаат, да ме гледаш.

Повремено, а често.

 

Ниту би те скинал како цвет,

во градина заборавена од градинар стар.

Зошто тогаш венееш.

Како што венеам јас.

Од зборот кој не можеш да го чуеш,

од усни кој не го говорам.

Како молк на јоргован,

среде зима.

 

Ниту книга сакам да ми бидеш,

не отворена, во прав калосана.

Со содржина непрочитана,

заборавена, нељубена.

Со вовед, а без крај.

 

Сакам само да ме ислушаш и

ако не те замислам,

сам ќе си одам.

 

Ниту си врзана како самовила,

на облаче бело,

па јас како гром да те гаѓам на стрелиште смело.

Па да бегаш како да сум лоша мисла,

а ти доаѓам со искреност чиста.

 

Не сум јас општа дефинија за маж.

Ниту сум скриена намера,

пакост што носи.

Само добар човек сум.

Наивност среде асфалтот сув,

а за тебе само дух.

Има ли ваков друг,

душа да ти дари.

Или сум играчка на полица чиста,

без батерија.

Загледан во старата ламперија.

Сам ќе си одам,

само да ме ислушаш.

Виктор Кадинец

Напишете коментар