Skip to content

10 интересни факти за книгите

Нема поголемо уживање од тоа да се земе добра книга, убаво да си сместен во својот кревет и да потонеш во таа приказна. Книги ни овозможуваат да патуваме низ времето, да живееме во нечии туѓи приказни или едноставно да си ја одмориме главата од секојдневите обврски.

Ние издвоивме 10 факти за книги, кои на љубителите на пишаниот збор сигурно ќе им бидат интересни:

1. Околу 180.000 нови и реставрирани изданија се објавуваат секоја година во Обединетото Кралство.

2. Првата новела напишана на машина за пишување се верува дека е “Том Соер“ од Марк Твен.

3. Најпродаваната книга на сите времиња е Дон Кихот. Продадена е во повеќе од 500 милиони копии, а за прв пат била овјавена во Шпанија.

4. “Гордост и предрасуди“ на Џејн Остин најпрво била одбиена од издавачите. Цели 15 години останала необјавена. Тоа останало така се до успехот на “Разум и чувства“, во 1811, кога Џејн успеала да го објави своето прво литературно дело.

5. Постои збор за чувствувањето на мирисот на книгите. Тоа е зборот “bibliosmia “ и е навистина вообичаен.

6. Според Оксвордскиот Англиски Речник, првата употреба на зборот канта за ѓубре (dustbin) му се препишува на Чарлс Дикенс.

7. Oд едно дрво може да се направат повеќе од 50 книги.

8. Вириџија Вулф ги напишала сите свои книги соејќи.

9. Во Јапонија постои збор за купувањето на книги, а потоа нечитање на истите. Тоа е зборот “тсундоку“.

10. “Приказна без крај“ (“The Neverending Story”), не само што завршува, туку содржи само 96.000 зборови. Напишана е од Михаел Енде.

Прочитајте ги и следниве факти за библиотеките ширум светот!

Напишете коментар