Skip to content

Поучна приказна за еден планинар

Ова е приказна за еден планинар кој сакал да се искачи на највиоската планина. Во таа авантура се впуштил после неколкугодишни подготовки. Бидејќи славата ја сакал само за себе решил на таа планина да се качи сам и да ги остави планинарите кои се качувале со него.

Почнал да се искачува. Времето поминувало и се спуштил мрак. Наместо да одмори и да преспие тој продолжил со искачување додека целосно не се стемнило. Непроѕирната ноќ ги прегрнала планинските врвови. Околу него била црна темнина. Небото и месецот биле покриени со тешки облаци и не се гледало апсолутно ништо.

Додека се искачувал само неколку чекори пред врвот се слизнал и почнал да паѓа со голема брзина. Можел да види само црни точки и да ја чувствува силата на тежината која го влечела кон долу. Во мигот на очајнички страв пред очите почнале да му се одигруваат сите убави и лоши моменти од неговиот живот.

Кога веќе мислел дека ќе умре одненадеж почувствувал како го стопира едно јаже на кое бил заврзан. Неговото тело висело во воздухот…сè што го држело било јажето. Во тој момент извикал:

– Боже, помогни ми!

Одненадеж од небото се слушнал длабок глас кој рекол:

– Што сакаш да направам?

– Спаси ме, Боже!

– Навистина веруваш дека можам да те спасам?

– Секако дека верувам!

– Тогаш пресечи го јажето на кое си заврзан…

Настанала тишина. Човекот одлучил дека ќе се држи на јажето со цела своја сила.

Спасителите зборувале како следниот ден наишле на мртов, смрзат планинар. Неговото тело висело на јаже за кое грчевито се држел. НА САМО ТРИ МЕТРИ ОД ЗЕМЈАТА.

А вие? Колку сте врзани за своето јаже? Дали би го пуштиле?

Прочитајте ја и приказната за тежината на една навреда.

Напишете коментар