Skip to content

Историја на читањето: Како настанале книгите?

Книгите и раскажувањето приказни долго време се дел од идентитетот на човештвото. Сите го знаеме прекрасното чувство кога држиме нова книга во рацете и едвај чекаме да почнеме со читање. Но како настанала првата книга? Дали имате одговор на ова прашање? Или едноставно сте прифатиле дека книгите се резултат на магија?

Ние ќе ве однесеме низ една историска авантура за настанувањето на книгите.

Кажани зборови и пештерски цртежи

Пред да имаме книги, сме имале приказни. Раскажувањето на приказни бил начин на комуникација: прераскажување на дневна база за да се научи лекција, да се даде предупредување или едноставно за забава. Раскажувањето било начин да се сподели среќа  или да се остане настрана од мрачноста и опасноста. Ете како бајките започнале и како јазикот и кажаните зборови ја откриле својата мок.

Заедно со раскажувањето приказни, постојат многу примери од раната цивилизација како древните луѓе ги запишувале своите животи, прку цртежите во пештерите. Најраните примери на пишување се на камени плочи или на кора од дрвја.

Луѓето имале потреба да ги документираат своите сметки,  па првите запишани белешки биле повеќе за правење математика, отколку за литература.

Разлистување и страници

Древните Египќани се првите луѓе кои користеле страници, како денес. Го правеле тоа ткаејќи го растението папирус, потоа листовите ги изедначувале и удирале сило врз нив за да се истенчат. Вака исткаените страници, залепени заедно, станувале тефтер.

Оваа техника била користена илјадиници години, а античките Грци и старите Римјани ја прифатиле истата.

Нешто пред тоа време, на другиот крај на светот, започнало да се користи кожа од теле или елен, бидејќи било помалку веројатно да се искине, а имало недостаток на папирус. Пергаментот се третирал алкално, а потоа се пишувал со мастило.

Почетокот на илустрираните книги

Околу 600 година пред наша ера, прекрасни илустрации, направени рачно, започнале да се појавуваат на пергамент. Овие разнобојни, прекрасно нацртани слики биле наречени “осветлени ракописи“ и било прекрасно да се видат. Помагале да се прикаже приказната и да се спроведе пораката на пергаментот. Ова бил почетокот на сликовниците.

Првата книга во светот

Со текот на времето, се формирале индивидуални книги кои биле многу скапоцени. Некои од тие книги содржат важни историски информации или религиозни текстови, а други раскажуваат славни, злобни или прекрасни приказни. Првата книга некогаш напишана која му е позната на човештвото е Епот за Гилгамеш: митско претскажување на важна фигура од историјата.

Издавачи и клубови за книги

Во 1832 година се појавиле првите книги со корица. Во Америка и Велика Британија, книгите кои чинеле денар, биле препишување на готски хорор приказни. Сепак, во тоа време, секој не можел да си дозволи да купува книги од денар, па групи пријатели се собирале да ги поделат трошоците, да си ги разменуваат книгите и заедно да уживаат во читањето. Тоа се всушност и првите клубови за книги.

Сите приказни се еднакви

Книгите се глобален феномен и исто како и приказните, му припаѓаат секому. Ниту еден сет на ликови, ниту вид на приказна нема авторитет над другите. Исто како сите култури и истории, сите приказни имаат еднакво место во библиотеките ширум светот.

Прочитајте го Митот за Атлантида и откријте дали сатариот град е конечно пронајден.

Напишете коментар