Skip to content

Краток документарен филм насловен „Virus“ за пандемијата и Ковод-19 кој испраќа моќна порака

Погледнете го краткиот документарен филм кој трае помалку од десет минути настанат некаде на почетокот на пандемијата. Авторот говори за ситуацијата во Австралија, но речиси во сите земји во светот се случуваше истото. Во продолжение се обидов да го прераскажам накратко, за тие што не сакаат да читаат, само префрлете се на видеото подолу и изгледајте го. Да се потсетиме што се случуваше, но и што може да се случува во иднина.

На платформата Јутјуб е прикачен во месец мај годинава. Зборува за почетокот на откривањето и каков бил животот во Австралија (Сиднеј) пред појавата на смртоносниот вирус и после неговата појава. Речиси идентични се случувањата како кај нас: празни и тивки улици, ресторани и барови со минимален број на посетители. Атрактивни туриситчки места без туристи и посетители, луѓето се задржувани во нивните домови. Се јавува зголемена употреба на средства за дезинфекција и задолжително носење маски, како и огромна побарувачка за нив.

Последиците што ги предизвика појавата на Ковид-19

Се вели: „Овој вирус предизвика значајно економско опаѓање и фундаментално го промени начинот на кој живееме“. Се раскажува за состојбата на бизнисте во сите сектори, за фактот дека многумина останале без работа.

Прикажана е „Бонди“ плажата во Австралија која во нормални околности имала многубројни посетители, а за време на снимањето на кадрите од документарецот местото било невообичаено мирно.

Авторот на документарниот филм порачал дека сепак постои надеж. Фамилиите и семејствата дури и во изолација наоѓаат начини повторно да се поврзат, бизнисте се адаптираат.

Бизнисите и едукативните институции се префрлени на онлајн едукација и состаноци. 40% од продавниците го сменија начинот на кој ги доставуваат производите. Дел од продавниците на мало нуделе само онлајн нарачки. Луѓето имаат повеќе време за себе и имаат време да излезат надвор и да бидат активни фокусирајќи се на менталното и физичкото здравје. Семејствата и фамилиите имаат повеќе заедничко време.

Накрај се порачува дека постои долг пат до поразување на вирусот. Да се одржува физичка дистанца и хигиена на рацете. Овие едноставни мерки спасуваат животи. Впрочем испратена е истата порака која ние ја пишувавме во нашите статии и колумни уште во месеците март и април годинава. Но убаво е да се потсетиме на сите препораки бидејќи е во корист на сите.

Последната порака е многу моќна, во неа се вели: „Ова е време на предизвици, ако ви е потребна помош – побарајте ја, ние можеме да си помогнеме едни на други. Иако сме оддалечени сите ние сме заедно во ова!“.

Погледнете го видеото со моќна порака

Напишете коментар