Skip to content

Баба Рога – Мистична вештерка застапена во фолклорот кај словенските народи

Баба Рога е еден од најпопуларните ликови во митологијата на Словените. Стариот искривен нос и целиот нејзнин приказ изгледаат злобно и се исто толку страшни како и таа самата. Таа е и сила на природата и стара злобна жена која јаде луѓе што залутале длабоко во шумата. Нејзиното име доаѓа од зборот баба, што значи стара жена и Рога, што би значело вештерка. Кај некои словенски народи наместо Баба Рога, среќаваме Баба Јага, но таа е едно исто.

Во сите земји каде што живеат словенски народи, таа е претставена исто, како грда стара вештерка, која живее во шумата и ги лови загубените низ шумата. Оваа жена сигурно не би сакале да ја сретнете во шума. Токму затоа им се спомнува на малите деца за да останат мирни или за да заминат на спиење. Популарна е во земјите каде што живеат словенски народи.

Во многу наврати се спомнува дека е создадена од словенската божица Морана, во нејзинот обид да го совлада Перун и другите богови.

Етимологија и потекло на името Баба Рога

Поимот Баба Рога е најчесто користен кај јужно словенските народи, додека Баба Јага се користи кај источно словенските народи.

Баба – овој збор сите знаеме што значи – стара жена или едноставно, баба. Истиот збор е користен и кај источно словенските народи, додека заподно словенските народи ја имаат варијантата “бабица“, а најпопуларен руски збор кој значи баба е “бабушка“.

Рога – вториот збор  “рога“ се појавува во различни варијанти кај словенските народи. На пример, зборот “језа“ кај Србите и Хрватите се поврзува со Јага или со Рога. Она што треба да се истакне е дека источно словенските народи го користат зборот Јага, кој поткнува од Црковно словенскиот јазик “jędza” што значи болест. Се спомнува зборот “jeza” што значи ужас. Овие значења се препишуваат на страшната вештерка која што сее ужас кај луѓето што се губат во шумата или кај децата што не се однесуваат добро.

Баба рога во митологијата кај Словените

Во фолклорот, постојат обиди за илустрирање на Баба Рога, како таа лета на метла и живее во колиба што стои на големи кокошкини нозе, а околу колибата може да се најдат човечки черепи. Некои черепи дури служат како украс на колибата. На нејзиниот шпорет, сместен во колибата, Баба Рога ги готви своите жртви и ги јаде. Но и покрај целиот овој канибализам, таа секогаш е претставена како слаба и сува старица.

Популарни митови за Баба Рога

Во некои митови, Баба Рога им дава задачи на своите жртви и во зависност од нивното успешно извршување, ги јаде или ги наградува. Значи таа не е само злобен негативец, туку во многу случаи може и да помогне, како во руската приказна “Василица прекрасна“.

Сепак, во популарната уметност и митологија, таа обично е прикажана како целосно злобно митско суштество.

Прочитајте за вампирите во нашата народна митологија.

Напишете коментар