Skip to content

Зошто се бакнуваме под имела? (Балдур и имелата)

Во Американските филмови за време на Божиќните празници можеме да видиме парови како се бакнуваат под имела. Но, од каде доаѓа оваа традиција? Одговорот го пронаоѓаме во Нордискиот мит за Балдур – синот на Один и Фриг.

Балдур е мил, прекрасен, секогаш весел и светол, омилен меѓу боговите. Па затоа кога почнува да сонува соништа во кои ненадејно умира сите се вознемирени. Один – кралот на боговите оди дури и до подземјето за да праша што се случува со неговиот син. Таму наоѓа софра и сѐ што му е кажано е дека почесниот гостин е Балдур затоа што тој наскоро ќе умре. Один скршен се враќа дома. Неговата сопруга, пак оди низ целата земја и ги моли сите живи и неживи нешта да се заколнат дека никогаш нема да го повредат Балдур, сите освен Имелата, зошто како што Фриг и самата вели: Имелата е чиста и мила и никако не би можела да нанесе некакво зло.

Вечерта кога сите богови се собираат, го гаѓаат Балдур со разни предмети и вчудоневидени гледаат како сите предмети се одбиваат од него. Тогаш на забавата доаѓа злобниот Локи. Братот на Балдур. Во рацете носи стрела изрезбана од Имела и натопена во отров. Со интриги го наведува слепиот бог Ходр да го гаѓа Балдур.
“Нели се чувствуваш изоставено? Еве јас ќе нанишам накај Балдур, а ти фрли. Ова ќе се одбие и сѐ ќе биде во ред.” Се неговите зборови.
Ходр фрла. Имелата го прободува Балдур и тој умира. Сите живи и неживи нешта тагуваат, Земјата и небото се обвиваат во црно. Фриг, тогаш пред сите ја колне имелата да стане билка на љубовта и од неа веќе никој да не биде повреден.
Сепак, приказнава има среќен крај, Балдур по три дена воскреснува, а од сево ова се раѓа една од најпознатите традиции, бакнеж под имела.

Прочитајте го и митот за масливното дрво – симбол за мир, мудрост и просперитет.

Напишете коментар