Skip to content

Мит за создавањето на светот од Род

Најпрово не постоело ништо, освен хаос. Сè било едно.Тогаш древниот бог Род слегол долу на земјата во златно јајце, па се фатил за работа. Прво, одлучил да создаде светлина и темнина, а од златното јајце го извал сонцето кое требало да кружи наоколу додека е светло. Потоа дошла и месечината, која го завзела своето место на небото додека е темница. Од земјата почнале да никнуваат дрвја, животни да шетаат низ шумите и птици да пеат наоколу.

Род го создал виножитото, за да ги спојува небото и земјата и лагата и вистината. Потоа влегол во златното јајце и почнал да се враќа горе, на небото. Но запрел за момент и погледнал наоколу. Бил задоволен од она што го гледа, но сфатил дека нешто не достига, нешто што ќе постсеќа на Бога, па испуштил од својот здив на земјата. Тогаш ветерот се раздувал насекаде низ земјата и од неговиот здив се родила Божицата на љубовта – Лада.

Го поделил светот на три кралства: небото, земјата и подземјето. Најпрво ги создал боговите, кои морале да одржуваат ред на земјата, потоа го создал човекот и на крај создал рај за мртвите. При создавањето на трите кралства започнал да расте огромен даб – Светското дрво, кое пораснало од семето фрлено од творецот. Неговите корени се скриени во светот на мртвите, стеблото минувало низ царството на земјата, а гранките го поткрепувале небесното царство.

Род го населил небесното царство со богови. Потоа, заедно со Лада, го создале моќниот бог Сварог. Со тоа што му вдишале живот, го направиле Сварог верен промошник на Род. Сварог го направил патот на сонцето преку небото дење и патот на месечината во текот на ноќта.

Прочитајте го Митот за пророчицата Касандра.

Напишете коментар