Skip to content

Слушни се себе си, пред да ги слушнеш другите – Ирена Блажеска

  • by

Денес ни стигнаа мисли од авторката Ирена Блажеска која сакаше да ги сподели со нашите читатели. Мислите се на тема гордост, среќа, недостигот, емоциите. Прочитајте ги во продолжение.

„Погрешните приказни, ги даваат вистинските лекции“.

„Најчесто ги сонуваме оние што ги немаме, а силно ги посакуваме…“

„Ве напуштаат затоа што се надеваат на подобро, без да се уверат дека со вас го живеат најдоброто“.

„На крајот срцето ви го замрзнуваат оние кои тивко ви го разгориле силно“.

„Ако сите чекорат во иста насока, не значи дека се на вистинскиот пат…“

„Згазни си на гордоста, немој на среќата!“

„Ќе дојде ден ќе им требаш, ама тие веќе нема да ти требаат…“

„Направете го тоа што мислите дека е најдобро, па и да е погрешно, зашто нема полошо од насмевка во празен човек.“

„Научете да ви недостигаат, толку колку што им недостигате.“

„Тоа што го немате, тоа најмногу го посакувате.“

„Слушни се себе си, пред да ги слушнеш другите…“

„Ако не можете да кажете со зборови, кажете со поглед…Тој често знае да даде многу одговори“.

Прочитајте ги и следниве мотивирачки цитати од Марк Менсон!

Напишете коментар