Skip to content

Александар Тарабунов Тара годинава на слушателите им ја поклони „Безвременска“

Александар Тарабунов Тара на крајот на месец ноември ја објави песната „Безвременска“ зедно со спотот. Тие можат да се слушнат и погледнат на неговиот јутјуб канал. Музиката и аранжманот се негови, а текстот е негов и на продуцентот и директор Зоран Зонде Стојановски. Ова музичко парче е доказ дека 2020-та година сепак можела да донесе нешто убаво.

Текстот е одличен, заедно со мелодијата се одлично вклопени. Песната ќе сакате да ја слушнете повеќе од еднаш, во тоа сме сигурни.

Ти си моја сила што не проаѓа, остани слушаш ли?“, се вели во еден стих. Која е силата на Александар што не проаѓа можеме само да погодуваме, но дефинитивно одлично ја одиграла улогата на муза.

Слушнете ја песната која веќе се врти на домашните радија, а ние сме сигурни дека „Безвременска“ ќе си го најде патот до вистинските слушатели.

Напишете коментар