Skip to content

Надежта е во кутијата

2020 ќе биде запаметена како една од најтешките години за човештвото. Од пожарите што уништија голем дел од природата па сѐ до појавувањето на корона вирусот и светските карантини. Сѐ си мислам дека на почетокот на оваа година некој можеби, некаде ја пронашол изгубената кутија на Пандора и си се заиграл со неа. (По сѐ што видовме нема воопшто да ми биде чудно).

Верувам дека сите колку – толку го знаеме митот за Пандорината кутија, но некако забораваме дека покрај сиот тој хаос митот нуди надеж. Како тоа? Епа приказната оди некако вака. Љубопитната Пандора ја отвара забранетата кутија (што само поради таа причина итро е поставена од страна на Зевс) и од неа излегуваат сите големи зла што потоа безмилосно го угнетуваат човештвото, додека врховниот бог гледа и се смее.
(Малкумина знаат дека Пандорината кутија всушност е казна за Прометеј, а не за човештвото. Зошто Прометеј е оној кој најмногу го љуби човештвото и поради таа причина им го дарува огнот).
За ова повеќе во некоја друга статија). Сепак, покрај сиот хаос, да не заборавиме и на крајот на митот кој оди отприлика вака.

За кратко време сите зла се враќаат таму од каде што првично дошле, на Олимп, а во кутијата на Пандора останува затворена надежта што на крај му помага на човештвото одново и подобро да го изгради светот. Поентата на сево ова е, иако 2020 беше тешка за сите нас не смееме да заборавиме дека сѐ уште ја имаме надежта во кутијата – најсилното нешто што може да ни помогне одново и подобро да го изградиме нашиот свет.
Надежта последна умира, но и последна излегува.

Прочитајте го и текстот за Среќните луѓе.

Напишете коментар