Skip to content

Поучна приказна: Како вистински почнав да се сакам себе?

Кога вистински почнав да се сакам себе сфатив дека болката и емоционалната тага се само предупредување кои ми говори дека моментално живеам спротивно од својата вистина. Денеска знам дека тоа се вика ДА СЕ БИДЕ ВЕРОДОСТОЕН.

Кога вистински почнав да се сакам себе сфатив колку може да биде навредливо кога се обидувам да натерам некој да го прави она што јас сакам иако знам дека момнентот не е вистински и таа особа не е подготовена за тоа, па дури и тогаш кога таа особа сум ЈАС. Денеска тоа го викам ПОЧИТУВАЊЕ. 

Кога вистински почнав да се сакам себе, престанав да копнеам за некој поинаков живот. И можев да видам дека сè што ме опкружуваше всушност било повик да растам и да се развивам. Денеска то го викам ЗРЕЛОСТ.

Кога вистински почнав да се сакам себе, сфатив дека секогаш сум на прво место под какви било околности. Дека сè се случува во вистинско време, точно во вистинскиот миг. Така шта можев да бидам мирен. Денеска тоа го викам САМОДОВЕРБА.

Кога вистински почнав да се сакам себе, престанав сам себе да си го крадам своето време.И престанав да правам грандиозни проекти за иднината. Денеска го правам само она што ми носи радост и среќа. Ги правам работите кои сакам да ги правам и кои го радуваат моето срце и го правам тоа на свој, сопствен начин во свој сопствен ритам. Денеска знам дека то се вика ЕДНОСТАВНОСТ.

Кога вистински почнав да се сакам себе, се ослободив од сè што не беше здраво за мене. Од храна, луѓе, предмети, ситуации и сè останато што ме влечеше кон дното, а подалеку од мене самиот. Во почетокот тоа го викав здрав егоизам, но денес знам дека тоа е ЉУБОВ КОН САМИОТ СЕБЕ.

Кога вистински почнав да се сакам себе, престанав да сакам да сум секогаш во право, така и помалку грешавав. Денес сфатив дека тоа се вика СКРОМНОСТ.

Кога почнав вистински да се сакам себе, се одрекнав од навиката да живеам и понатаму во минатото и да се грижам за својата иднина. Сега пак живеам само за овој миг во кој сè се случува. Така го живеам секој ден и тоа го викам ИСПОЛНУВАЊЕ.

Кога вистински почнав да се сакам себе спознав дека мојот ум може да ме поремети и дека од некои свои мисли можам да се разболам. Но штом почнав да го користам своето срце, мојот ум доби драгоцен сојузник. Денес оваа врска ја викам МУДРОСТ НА СРЦЕТО.

 Нема потреба да се плашиме од расправиите, соочувањето ниту од секакви проблеми бидејќи и ѕвездите понекогаш се судруваат, па од сударот настанува некој нов свет.

Денеска, јас знам: ТОА СЕ ВИКА ЖИВОТ.

Ова се мисли кои Чарли Чаплин му ги поклонил на човештвото на денот на неговиот 70-ти роденден во 1959-та година.

Прочитајте ја и приказната за истрајноста: Како да се победите себе?

 

Напишете коментар