Skip to content

Украдена уметност: најголемите кражби на уметнички дела

Злосторствата во областа на уметноста и културата со текот на времето станаа профитабилно претприемништо, а пленовите се проценуваат и до милијарда евра годишно. Во прилог на ова, FBI има тим кој се занимава со овие злосторства.

Еве некои од најпознатите кражби на уметнички дела:

Нацистичка конфискација на уметнички дела

Најверојатно, најголемата кражба на уметнички дела се случила за време на Втората светска војна. Хитлер, како неуспешен уметник, сакал да основа музеј на европската уметност со класични дела, додека дегенерираната уметност како модерните дела на кубизмот, футуризмот и дадаизмот ќе бидат уништени.

Конфискувани се уметнички дела од многу музеи, од приватни колекции, од богатите Евреи, како слики, така и книжевни дела, сребро, злато, кристали, украси, ракописи, скрипти и сл. Многу музеи, после конфискацијата, се уништени. Биле организирани јавни изложби и продажба на изопачената уметност, јавни спалувања, јавни и приватни аукции.

Иако голем дел од тоа е вратено после Втората светска војна, се проценува дека околу 20% од европската уметност е одземена, а околу 100.000 предмети никогаш не се најдени и вратени кај законските сопственици. Дел од тоа се некои дела на Ван Гог, Собата од килибар и Рафаеловиот портрет на млад човек (вредност: 100 милиони долари).

Меѓу вратените е портретот на Адел Блох Бауер (вредност: 135 милиони долари).

Мона Лиза

Ако мислевте дека е невозможно да се украде најпознатата слика на светот, сте се лажеле.

Во авгут, 1911 година, Мона Лиза (100 милиони долари) е украдена од Лувр. На почетокот се мислело дека крадец е некој од модерната, непријателска уметност. Најпрво испрашуван бил авангардниот поет Гијом Аполинер, а по него и Пабло Пикасо. Против нив не постоеле докази.

Две години потоа, уапсен е Виченцо Перуџа при обид да се ослободи од сликата во Италија. Тој влегол во музеј, облечен во работничка облека, а сликата ја сокрил под облеката и шетал.

Она што не сфатил е дека Мона Лиза ја направил најпознато уметничко дело на светот, кога се појавила на сите насловни страници. Пред тоа не била ништо попоуларна од останатите дела на Да Винчи.

Кога го уапсиле, кажал дека се обидел да биде национален херој и сакал само да ја врати сликата во својата татковина. Бил осуден на само седум месеци затворска казна.

Пикасовиот Гулаб

Во мај, 2010 година, во седум часот на утро, украдени се пет слики во вредност од 500 милиони евра.

Крадецот влегол низ прозорец, ги извадил сликите од рамките, вклучувајќи ја и сликата на Пикасо – Гулаб со зелен грашок (140 милиони долари).

Исплашен, крадецот ја фрлил сликата во канта за ѓубре, непосредно после кражбата, па сликата е изгубена, пред власитите да може да реагираат.

Прочитајте ги и следниве импресионирачки факти за уметноста.

Напишете коментар