Skip to content

Војна – Софија Величковска

  • by

Ој, ти,

војна ли си, што ли си,

тегоба или пак некаква мачина

во стомаков си?

Рушевина си или ти си онаа што руши?

Не знам.. еве не знам, што си.

Можеби си отровна,

а можеби и не,

крвава ли си,

пуста беда ли си?

Ти ли си таа што не тера

косите да си ги кубеме,

во црно за најмилите да се сокриеме?!

Чудна си, непристојна

и непосакувана,

непосакуван гостин си,

а сепак си влегуваш ко домаќин да си.

насекаде пустош оставаш,

насекаде жал се тлее,

крв и солзи се тркалаат,

мајки плачат за синовите,

жени за мажите свои,

само плач слушаш,

ти се кине срцето,

тоа ли е војната?

Вакво нешто ли е таа?

Не знам..

А сепак знам.

Знам дека е тажна во секој случај,

знам дека е немилосрдна,

да знам и дека е најбездушниот збор

што постои,

и нема полош збор,

ти останува само да пуштиш

една тивка солза,

или не,

подобро заплачи на глас,

можеби ќе те слушнат иницијаторите на војната,

можеби така ќе престанат сите војни на овој свет!

Софија Величковска

Напишете коментар