Skip to content

Сакај ме

Сакај ме ми рече

Не ме заборај ми рече

Сакај ме како што

Го сакаш мирисот на зумбулите

Во пролет

Сакај ме како што

Го сакаш мирисот на трендафилот

Во лето

Сакај ме како што

Го сакаш мирисот на

Дуњата во есен

Сакај ме како што

Го сакаш мирисот

На цикламата во зима.

Не ме заборавај ми рече.

Никогаш не ме оставај.

 

Сакај ме како што

Го сакаш здивот на развигорецот

Во пролет

Сакај ме како што

Го сакаш влажниот Аустер

Во лето

Сакај ме како што го

Ја  сакаш брзата Кошава

Во есен

Сакај ме како што го

Сакаш ладниот Вардарец

Во зима.

Сакај ме како што ги

Сакаш

Сите годишни времиња.

Напишете коментар