Skip to content

Милена Ристова – Михајловска е годинешна добитничка на наградата „Бели Мугри“ за поетскиот ракопис „Запирка“

  • by

ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ од Скопје, оваа година наградата „Бели Мугри“ за млад автор до 35 годишна возраст ја додели на авторката Милена Ристова – Михајловска за поетскиот ракопис „Запирка“.

Книгата свечено ќе биде промовирана на 22 декември на манифестацијата „Денови“ која е посветена на раѓањето на поетот Кочо Рацин. Комисија за избор беше во состав на: Славчо Ковилоски, претседател, Васил Тоциновски и Јованка Христовска член.

Наградата „Бели мугри“ е награда за најдобар поетски ракопис за автор до 35-годишна возраст која ја доделува ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ од Скопје. Наградата се врачува на 20 декември на манифестацијата „Денови“, која оваа установа ја организира традиционално во чест на раѓањето на македонскиот поет и културно-општествен деец Кочо Рацин.

Добитници на оваа награда во последните пет години се: Марина Мијаковска за стихозбирката „Постела на тишината“ за 2015, Стефан Марковски со поетската збирка „Сиво сјаат вселените“  за 2016, Надица Лешникоска за збирката поезија „Кирија за срце“ за 2017, Катерина Гогова за збирката „Пад во немирна вода“ за 2018 и Јосип Коцев за поетскиот ракопис „Музеј на чувствата“ во 2019.

Останати добитници на оваа награда која годинава се доделува по дванаесетти пат се: Маја Апостолоска, Жарко Кујунџиски, Елена Пренџова, Звонко Танески, Снежана Стојчевска и Марта Маркоска.

Напишете коментар