Skip to content

Св. Климент Охридски – Софија Величковска

  • by

Ој Клименте,

учителу словенски,

ти човеку со душа голема

ко небото,

ти кој што знаење ни вроди,

ти човеку со меко срце..

Писменоста си ја ширел,

умови темни и празни

си ги осветлувал и полнел,

да ти, кој што од

Моравија преку Панонија,

па сè до областа во Охрид,

ти голем човеку,

Охридската книжевна школа

си ни ја создал,

ти Клименте што

учители ти биле солунските браќа,

еј ти што неуморно

и со силна страст си калемел

дрвја полни со знаења,

ти кој што секогаш си берел плодови

вкусни,

вкусни како азбуката наша,

ти што си тргнал на мисија света,

еј ти што си нижел поучни

зборови пред многу многу лета..

Духот на Климент е благодат божја,

тој е нашето семе од кое

изникнуваат сите генијалности,

тој е нашиот епископ,

наш учител,

тој е на сите нас,

ние сме сите негови,

неговата остроумност е наше знаење,

неговата храброст е наша поучност,

Климент е нашиот охридски чудoтворец!

Софија Величковска

Напишете коментар