Skip to content

Врнеше ноќеска

Врнеше ноќеска,
капките се лизгаа по прозорите и светкаа,
ко солзи што на образ од скршено срце блескаа.
Врнеше ноќеска,
и немаше за никој на светов утеха, беше морничаво тивко.. ко боже не дај, на умирачка.
Во нашата тивка уличка децата веќе ги немаше – пораснаа,
уличните светла ко порано не светеа – се изгаснаа.
Оние што вредеа – заминаа, фатија џаде.
оние што останаа – сакаа да заминат ама немаа каде.
Тажна е оваа приказна, тажна ко дождот што на прозорот удира,
тажна ко лебед од љубов што умира на сред Охридско езеро,
тажна ко марамче со љубов на боиште паднато, на загинат јунак со љубов извезено.
Врнеше ноќеска и ако нека заврне, нека сите што сме заборавени од мака нѐ измие,
дождот нека земја потопи,
нови патишта за нас нека отвори,
нови гледишта кон животот за нив нека засади за на крај цветови да излезат шарени штом Сонце ќе засветли.

Напишете коментар