Skip to content

Избор за најдобар сајт на годината за 2020-та!

  • by

Како и претходните две години така и оваа нашиот блог е номиниран и влезен во изборот за најдобар сајт на годината! Номинирани сме во 5 категории:
– Најдобар сајт за вести и информации,
– Најдобар блог,
– Најдобар мобилен сајт,
– Најдобра фејсбук фан страна или група и
– Најдобар сајт за образование, наука и култура.

Како се гласа?

Имате право да гласате за еден номиниран сајт по категорија. Кога ќе кликнете на сајтот за кој гласате, треба да ја внесете адресата на вашата електронска пошта. За кратко време ќе добиете мејл со пин код. Откако ќе го внесете вашето гласање за таа категорија е завршено. Истата постапка се повторува за секоја категорија за која што ќе гласате. На овој линк имате пристап до официјалната страна на номинациите по сите категории.

Драги читатели и љубители на пишан збор без вас оваа номинација немаше да постои. Доколку сметате дека блогот заслужува да победи барем во една категорија оваа година, дадете го вашиот глас за Крајбрежје. Правилата за гласање се едноставни и се напишани погоре.

Зошто сметаме дека треба да гласате за нас?

Сметаме дека треба да гласате за нас само доколку мислите дека заслужуваме нашата заедничка онлајн дружба да биде одбележана оваа година со едно такво признание. Тоа нас многу би ни значело со што би се потврдило дека сите овие години не правиме ништо залудно. Ако сметате дека имате добра причина за да го дадете вашиот глас, направете го тоа.

Ние ќе ви бидеме бескрајно благодарни. Преку дадената поддршка со гласање вие само потврдувате дека го цените ова што го правиме. Без оглед на исходите нашата приказна продолжува да се развива. Благодариме!

Напишете коментар