Skip to content

Хрватскиот музичар Дарко Рундек објави нов албум

Хрватскиот музичар Дарко Рундек со својот братечки бенд „Екипа“ објави нов албум, двојниот (Extended Play) “Brisani prostor”, во издание на белградската дискографска и промотерска куќа Long Play, соопштија од издаваштвото.

Целината на новиот материјал раскажана е преку две приказни – „До“ и „Од“, кои меѓусебно се дополнуваат и слушателот може да го бира нивниот редослед. Истовремено со излегувањето на албумот, како трет сингл и “lyric“ видео се појавува песната „Мила“.

Пет композиции се наоаѓаат на едниот и пет на другото ЦД во издание на копродукција на две куќи Menart и Long Play

Претходните албуми на музичарот Рундек произлегле во музичка смисла од соработката бидејќи имало и пратечки состав – Cargo Orkestar и Trio. Додека “Brisani prostor”, е прво издание после прочуениот „Хаустор“ на кој се појавуваат композиции и текстови на друг автор – басист на „Екипа“.

Всушност „Мила“ произлегла од перото на басистот кој ја опишува песната во кратки црти вака: „Носење со опуштање, прифаќање, човечка близина во време кога дистанцата е знак на внимателност, разбирање на личниот простор на особата која ја сакаш“.

Најновиот проет веќе беше најавуван со сингловите и спотовите објавени во текот на карантинот и вонредната состојба – „Внатрешни глас“ и „Кои се сите тие луѓе“.

За соработката со „Екипа“ и настанувањето на новиот албум Рундек вели: „Нашите проби и снимања најчесто почнуваа и завршуваа со заедничко свирење “на слушање“, едноставно заедно ја занишувавме тишината и остававме да нè води низ отворените форми, несвирејќи инструменти туку музика“.

Ликовите во песните на интимен начин говорат за глобоалнoтo, на личен начин за универзалното и на специфичен начин за општото.

„Кога таа музика би прашала за песна, се појавуваа зборовите, понекогаш импровизирани, понекогаш од моите белешки, а за повеќето заедно со него ја потпишуваме композицијата и текстот. Тој многу направи за кристализирње на песните од отворен и креативен материјал кој од цела „Екипа“ обилно извираше“.

„Кога сите материјали беа снимени, се зафатив со продукција, избор, монтажа, миксање и доснимување, тој процес беше долготраен“ заклучува Рундек.

„Brisani prostor“ како двојно ЦД од вчера е во продажба на подрачјето на Србија, Црна Гора и Македонија. Може да се најде и во музичките продавници ширум Србија.

Напишете коментар