Skip to content

Зошто Орвеловата „1984“ е толку значајна?

Во 1937 година Џорџ Орвел е погоден од куршум во пределот на грлото, додека се борел против фашистите во Шпанија. Ако тој куршум завршел неколку центиметри понатаму, светската книжевност би остана без „Животинска фарма“ и „1984“. Неговите искуства од војната, кои детално ги опшал во книгата „ Во чест на Каталонија“, биле клучни за формирањето на орвеловите антитоталитаристички идеи, од империјализмот, преку фашизмот до сталинизмот.

Негово најзначајно дело е „1984“, кое до ден денес е релевантно. Имено, додека во „Животинска фарма“ Орвел се пресметува со сталинизмот, во „1984“ оди чекор понатаму, со што на идните генерации им остава големо предупредување против сите тоталитарни режими.

Содржина на „1984“

Во „1984“, Орвел опишува имагинарно тоталитарно општество, во кое апсолутна власт има партијата на чие чело е Големиот Брат – митска фигура измислена од партијата. Во Океанија, земјата во која што живее главниот јунак на книгата Винстон Смит, индивидуалната слобода и автономија се целосно укинати, а жителите се сопственост на режимот.

Во Океанија, вистинската историја е избришана и е заменета со измислена историја што ги прикажува партијата и Големиот Брат во најдобро светло. За да се одржува целосна контрола врз секој аспект од животот на населението се грижи озлогласената „Полиција на мислите“. Во секоја куќа или стан, челеновите на паритијата имаат телевизиски екран кој не може да се исклучи. Тој емитува само партиска пропаганда и дење и ноќе. На него има микрофон и камера, така што секој член на партијата може да се следи 24 часа дневно. Индоктринацијата на партијата е особено изразена кај децата, чии родители се плашат повеќе од нив, одошто од „Полицијата на мислите“ затоа што децата од најрана возраст се учат да бидат послушни партиски војници. Тие дури се подготвени да ги пријават сопствените мајки и татковци, ако забележат и најмал знак на непослушност.

Сите оние кои на било кој начин (мислејќи, зборувајќи, по грешка или намерно) сторат нешто против партијата или Големиот Брат, ги чека третман во „Министерството за љубов“. Тоа е државен оддел за тортура и превоспитување на непослушните, што без исклучок завршува со политички антетат, но само откако “сторителот“ искрено ќе се откаже од своите идеи и ќе ја прифати моќта на партијата и Големиот Брат и тоа не како единствена можна опција, туку како единствена што може да се замисли. Во тоа министерство се наоѓа познатата “Соба 101“, каде што притворениците се принудени да се откажат од својата индивидуалност и целосно да се предадат на Големиот Брат.

Книгата сѐ уште е забранета во некои земји

„1984“ била забранета во Советскиот Сојуз во периодот од 1950 до 1990 година. Сталин не го сакал описот на Орвел за тоталитарно општество управувано од семоќниот Голем Брат. Имало обиди за забрана на оваа книга и во САД. Тамошни лица ја сметале книгата за “прокомунистичка со сексуално изразена содржина“. Од моментот на објавувањето, па до денес, „1984“ се соочува со низа пречки. Фактот дека сѐ уште е забранета во некои земји доволно зборува за тоа. Еден ден, во Северна Кореја оваа книга можеби ќе стане најпопуларна.

Орвел сакал да ја нарече оваа книга “Последниот човек во Европа“. Со тоа ќе ја потенцирал апсолутната осаменост на Винстон Смит во свет каде што нема други информации, освен оние што ги емитува партијата. Со тоа би се потенцирало какво е општеството кое не се сеќава на ништо од она што се случувало пред партијата да дојде на власт.

Заклучок кој може да се извлече

Во општество каде партијата го контролира секој аспект на живеењето на поединецот, Орвел нагласува две клучни идеи: желбата на партијата за целосно сузбивање на сексуалниот инстикт, што е ирационално и не може целосно да се контролира, па затоа е опасно за паритјата; и желбата да се создаде сосема нов јазик, наречен „Нов говор“, со цел да се укине можноста да се зборува за опасни идеи како што се индивидуализмот и слободата. Во општество во кое е невозможно да се размислува за слобода и автономија на поединецот, секој бунт против режимот станува теоретски невозможен, што е крајна цел на партијата.

Издавачот на Орвел објаснил дека „1984“ е напишана лекција за идните генерации. Идните генерации не смеат да дозволат да им се случи „1984“, а дозволуваме ли? Тоа единствено од нас зависи.

Прочитајте како настанале книгите.

Напишете коментар