Skip to content

Алфред де Мисе: „Големите уметници припаѓаат на целиот свет“

Алфред де Мисе (француски: Alfred de Musset ), (Париз, 11 декември 1810 – Париз, 2 мај 1857) e француски поет, драматург и романописец од периодот на романтизмот.

Роден е на денешен ден и во негова чест споделуваме неколку цитати кои ја искажуваат неговата романтична природа.

„Не смееме да се шегуваме со љубовта.“

„Со бакнеж да тргнеме кон непознат свет.“

„Големите уметници припаѓаат на целиот свет.“

„Не можам да си помогнам – и покрај себеси, бесконечноста ме измачува.“

„Човекот е ученик, болката е негов учител“.

„Ништо не не прави толку големи како голема болка.“

„Сомневајте се, ако сакате, во оној што ве љуби, во жена или куче, но не и во самата љубов.“

„Во моите цветни соништа секогаш си само ти. Не жалам за тоа ниту малку.“

„Убавите спомени се можеби на оваа земја повистински од самата среќа“.

„Твоето име, само твоето име, ја обзема мојата мисла до слатка одвратност“.

„Кој еднаш љубел, засекогаш носи лузна.“

„Сите мажи се лажговци, непостојани, дрдорливи, лицемери, горделиви или кукавици, подли, похотни; сите жени се неверни, лукави, суетни, радознали и расипани. Светот е само една вдлабнатина без дно, каде што најбезличните морски ѕверови се искачуваат и се кријат на врвот. Но, во светот постои нешто свето и возвишено – соединување на две вакви суштества, несовршени и застрашувачки колку и да се. Човекот е често измамен во љубовта, често ранет, честопати несреќен; но човекот љуби, а на крајот на животот се свртува да погледне назад и вели:  Честопати страдав, понекогаш бев во заблуда, но љубев. Јас сум тој што живеел, и не сум бил лажно суштество кое било водено од мојата гордост и мојата тага. “

Слушнете ја овде рецитацијата на неговата песна Сети се на мене, Алфред де Мисе.

Напишете коментар