Skip to content

Нова година и занимливости околу неа

Нова година и нејзиниот дочек секоја година со себе носат посебна атмосфера. Свеченото расположение и новогодишните подароци се секаде околу нас. На новогодишниот дух му се покоруваат и најупорните кои тврдат дека се имуни на лампиони, елки, украси и сето лудило кое со себе го носи новата година.

Еве неколку занимливости кои се поврзани со новата година, а за кои сигурно не сте знаеле:

1. Норвеши научници изнесоа хипотеза според која помошникот на Дедо Мраз – ирвасот Рудолф, има хронично црвен нос заради паразитска инфекција на респираторниот систем.

2. Секоја година, во светот, за време на празниците се трошат повеќе од седум милијарди честитки, иако денес повеќето се праќаат електронски.

3. Германците ја направиле првата вештачка елка со помош на преја од мртва гуска.

4. Само во САД, во просек 6.000 луѓе завршуваат на ургентно заради повредни настанати како резултат на украсување на куќата, елката и дворовите.

5. Според Гинисовата книга на рекорди најголема елка во историјата била висока 67 метри, а поставена била во трговски центар во Сијетел, САД.

6. Три традиционални божиќни бои се црвена, зелена и златна. Црвената е симбол на крвта од Исус, зелената на повторно раѓање, а златната на богатство и племенито потекло.

7. Ликот на Дедо Мраз е исмислен според славниот лик на Свети Никола од Мала Азија, кој живеел во четвртиот век. Дедо Мраз во црвено-белиот костум го облече компанијата Кока-Кола и од него направи мит во кој сите веруваат.

Дознајте повеќе за традицијата на китење новогодишна елка.

Напишете коментар