Skip to content

Оставете омрази – Менче Кадинец

  • by

Кога моето битие

се осети немоќно

И по една солза

за битките за живот на секого,

душата ми се пресече

ама баш така на половина

солзите не ми престанаа.

Млад свет, чувајте го

знаете колку е тешко

да не може да се дише

а колку е убаво

баш нешто убаво да се напише.

Оставете омрази, разбудете чувства

некое дете бдее

над математика само

над македонски само

и слуша вести бесни

Престанете да мразите овој, оној

Сакајте се луѓе, не за мене, за тебе,

за децата наши, ваши

разбудете чувства

за невини суштества.

разбудете чувства,

со кого се борите!

Менче Кадинец

Напишете коментар